Антиќ и Бо Мекејлеб ќе не однесат до медал во Словенија

Нашите двајца најдобри кошаркари Перо Антиќ и и Лестер Бо Мекејлеб ќе бидат главните предводници на македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство кое треба летово да се одржи во Словенија.

Тоа значи дека и покрај тоа што во последниот период се изнаслушавме многу муабети и шпекулации од типот дека нашите најдобри кошаркари кои го носеа товарот на Евробаскетот во Литванија кога го освоивме легендарното 4 место ќе се откажат се тотално неточни.

Директорот на националните селекции, Илија Мерџановски, минатата седмица беше во Атина, каде што го искористи дуелот меѓу Олимпијакос и Фенербахче Улкер во Евролигата за да оствари средба со Антиќ и со Мекејлеб. Притоа, Мерџановски им ја презентираше на двајцата репрезентативци програмата на подготовки, како и листата на планирани подготвителни натпревари за Евробаскет 2013. Мерџановски со Мекејлеб и Антиќ на заедничка вечера во Атина

- И Антиќ и Мекејлеб со ентузијазам гледаат на претстојните настапи со репрезентацијата и со нетрпение очекуваат летово да се сретнат со останатите соиграчи. Многу ми е мило што гледам дека Перо е одлично прифатен и високо ценет во средината каде што настапува, задоволен е и тоа е најважно за еден странски играч, да има мир и позитивно опкружување околу себе”, изјави директорот Мерџановски за сајтот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

На средбата, Мерџановски им ја презентирал програмата за подготовки и натпревари на нашата најдобра селекција следното лето, како и насоките и очекувањата во однос на исполнувањето на програмата на селекторот Алеш Пипан, која, пак, е оптимизирана да им овозможи на репрезентативците доволно време за одмор по напорните сезони.

Новиот селектор Алеш Пипан претходно имаше средба и со Војдан Стојановски, за време на неговиот краток престој во Скопје, а во наредниов период ќе се остварат средби и со Предраг Самарџиски, како и со младите кандидати за сениорската селекција, Андреј Магдевски, Кристијан Николов и други што настапуваат во странство.

Пипан, кој неодамна беше промовиран за нов селектор, изјави дека сериозно планира на сите кошаркари кои настапија во Литванија. Останува да видиме што ќе излезе на крај и се надеваме дека ќе се радуваме на уште многу успеси на нашите момци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...