Победа за Атланта и за Антиќ над Инадијана

Македонскиот кошаркар во НБА лигата Перо Антиќ и неговата екипа Атланта ноќеска на домашен терен славеа победа над екипата со најдобар скор во лигата Индијана со 97:87 (25:12; 24:20; 30:34; 18:21).

Антиќ натпреварот го заврши со 16 поени (вторпат сезонава), а имаше и 4 скокови. Половина од поените Антиќ ги постигна на стартот од натпреварот кога Атланта поведе со 12:0.

Инаку, најефикасен кај Атланта беше Кајл Корвер со 17, а играчите од клупа Елтон Бренд и Мајк Скот постигнаа по 15.

Преглед на ноќешните резултати: Сан Антонио – Далас 112:90, Торонто – Детроит 112:91, Атланта – Индијана 97:87, Бруклин – Голден Стејт 102:98, Њу Орлеанс – Вашингтон 96:102, Хјустон – ЛА Лејкерс 113:99, Минесота – Феникс 103:104, Портланд – Орландо 110:94 и ЛА Клиперс – Бостон 111:105.

Вечерва се играат два натпревара Њујорк – Мајами и Денвер – Оклахома Сити.

Пласман Источна конференција: Индијана 28-7 (победи-порази), Мајами 27-8, Атланта 19-17, Торонот 17-17, Вашингтон 16-17, Чикаго 15-18, Шарлот 15-21, Бруклин 14-21,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 28-8, Оклахома Сити 27-8, Портланд 27-9, ЛА Клиперс 25-13, Хјустон 23-13, Голден Стејт 24-14, Феникс 21-13, Далас 20-16,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...