Мартич и МЗТ Скопје Аеродром се разделија

Словенецот Зоран Мартич ја прекина соработката со МЗТ Скопје Аеродром, објави македонскиот шампион на својот Фејсбук профил.

- МЗТ наскоро ќе добие нов тренер, Зоран Мартич го напушти македонскиот шампион, соопштија денеска од клубот од Аеродром.

Мартич пред пет дена го предводеше МЗТ Скопје до третата шампионска титула, а сезонава под негово водство „штрковите“ го освоија и Купот на Македонија.

Словенецот на тренерската позиција во МЗТ беше поставен два месеци по почетокот на новата сезона. Тогаш Мартич го замени Влада Вукоичиќ. Во АБА лигата МЗТ со Мартич имаше ефект 8-8 (победи-порази), а во последното коло пропушти шанса со победа да го освои 6.место и да обезбеди настап во Еврокупот.

На официјалната веб страна на МЗТ Скопје неодамна имаше информација дека клубот и Мартич потпишале нов двегодишен договор, па поради тоа денешниот прекин на соработката предизвика изненадување кај спортската јавност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...