Ред Бул: Во моментов Верстапен е подобар пилот од Хамилтон

Макс Верстапен е подобар возач од петкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во моментов, тврди шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Холанѓанецот ја запиша првата победа сезонава во Австрија, што го стави на третата позиција во генералниот пласман зад Хамилтон и клупскиот во Мерцедес – Валтери Ботас.

– Формата на Макс е подобра. Во последните 12 месеци неговата форма е најдобрата и можам да кажам дека е најдобар пилот во светот. Макс просто не е со најсилниот автомобил во моментов. Кога сепак ќе ги погледнете неговите резултати од Монтреал минатата година, неговиот настап е одличен и тој не направи ниту една грешка во тој период. Сето ова е нормално, бидејќи Макс е новата генерација. Луис има искуство, сеуште е многу брз и има најдобар автомобил. Макс е оној кој ќе победува во иднина, изјави Хорнер за медиумите во Велика Британија.

Во последните 24 натпревари по минатогодишното Гран При на Канада, Макс триумфираше три пати, се качи на подиумот десет пати и ниту еднаш не заврши надвор од топ 5.

Хорнер верува дека Макс е полн со енергија по неговата трансформација во лидер на тимот, што се случи откако Даниел Рикардо замина.

– Дани е голем карактер со одлична смисла за хумор и надвор од болидот, Макс се чувствуваше сеедно како да е во негова сенка. По заминувањето на Дани, Макс стана поодговорен, позрел и пофокусиран, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...