Мерцедес повторно се најсилните

До стартот на Формула 1 сезоната има нешто повеќе од две недели, и ако досега се веруваше дека ривалите ја „нагризале“ предноста на Мерцедес, Нико Розберг со фантастичен круг се закани дека се тоа е само илузија

Розберг ја покажа вистинската сила на Мерцедес на вториот ден од последниот зимски тест доминирајќи во сесија во која Мекларен конечно поставија многу километри

Розберг постави круг од 1:22.792, најдобро време на патеката Каталуња на тестирањето, поставено на меки гуми на Пирели во петок попладне. Вице-шампионот од 2014 имаше 106 круга, и предност од дури 1.2 секунди пред Валтери Ботас во прва демонстрација на силата на шампионите.

Ботас комплетираше 90 круга за Вилијамс за второ место, со најдобар круг од 1:23.995 на „средни“ гуми, пред Фелипе Наср, кој беше најбрз на утринската сесија за Заубер. Наср имаше 141 круг, само два помалку од Себастијан Фетел во Ферари, кој беше четврт најбрз.

Петокот беше најпродуктивниот ден за Мекларен досега откако Џенсон Батон имаше 101 кругови пред да сопре на патеката во финишот на сесијата.

РОЗБЕРГ: „НИШТО НЕ Е ПРЕОДРЕДЕНО“

Розберг вели дека Мерцедес не можат да очекуваат многу и покрај тоа што ја декласираше конкуренцијата. Тој не сакаше да прогнозира доминација на „Сребрената стрела“ од првиот круг во Мелбурн.

„Ние имаме голема самодоверба, но во исто време свесни сме дека и другите поставуваа брзи времиња. Ќе останеме со главата долу и ќе работиме“, вели Розберг.

Германецот открива дека главниот фокус било подесувањето на сет-апот на Ф1 В06 болидот.

„Ова беше тежок ден, иако бројките покажуваат дека сме на вистинско место. Сет-апот на болидот беше далеку од посакуваното и не сфаќаме зошто. Целиот ден го подесуваме тоа и не дојдовме до добар заклучок“, вели Розберг.

Луис Хамилтон ќе ја има честа да го вози болидот на последниот ден тестирање в сабота.

ФЕТЕЛ: „ТОА ВРЕМЕ Е РЕПЕРОТ ЗА ФЕРАРИ“

Новата ѕвезда на Ферари, Себастијан Фетел вели дека токму ова време на Розберг е „реперот“ за Ферари. Фетел заостана 2.6 секунди зад времето на Мерцедес, но Германецот беше задоволен од завршената работа.

„Позитивно е што поставивме многу кругови. Сакате да дојдете во Мелбурн и да бидете сигурни дека можете да ја завршите трката. Тоа е прв приоритет, а потоа мислите на брзината. Не е лесно да се сфатат модерните Ф1 болиди, а ова беше еден од подобрите денови. Сигурен сум дека времето на Мерцедес беше многу конкурентно и дека треба да се обидеме да го стигнеме тоа, бидејќи тоа е нашиот репер. Не можев да стигнам до кругови како Нико, но брзината беше солидна“, вели Фетел.

Возачот на Вилијамс, Валтери Ботас вели дека е изненаден од брзината на Мерцедес.

„Имавме добар ден без многу проблеми и сè беше ОК, иако бев помалку изненаден од брзината на Мерцедес. Очигледно е дека тие се најбрзи. Тешко е да се каже колку се напред, меѓутоа, тие се јасно тимот кој треба да се победи оваа година“, вели Финецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...