Болт го одбрани „златото“ на 100 метри од Пекинг

Со време на нов олимписки рекорд најбрзиот човек на светот Усеин Болт од Јамајка синоќа победи на трката на 100 метри на „Олимпискиот стадион“ во Лондон. Тој патеката ја истрча за 9 секунди и 63 стотинки. Сребрениот медал му припадна на неговиот сонародник Јохан Блејк, а бронзата е за Американецот Џастин Гетлин. Дури седум атлетичари истрчаа под 10 секунди, со исклучок на Асафа Пауел од Јамајка, кој се повреди за време на трката.

На 3.000 метри со пречки очекувана победа на Кениецот Езекеил Кембои, а по него стигнаа Французинот Махидине Мехиси-Бенабад и неговиот сонародник Абел Кипроп Мутаи.

Во фрлање кладиво триумф на Унгарецот Кристијан Парс, пред Словенецот Приморж Козмус и Jапонецот Коџи Мурофуши.

Во трката на 400 метри кај жените најбрза беше Американката Сања Ричардс – Рос со време 49.55 секунди и го освои златниот медал. „Сребрена“ Британката Кристине Охуруогу , а Американката Ди Ди Тротер стигна до бронзениот медал.

Во дисциплината трискок (жени) со најдобриот резултат (14.98 метри) сезонава победи Олга Рипакова од Казахстан, пред Катерине Ибаргуен од Колумбија и Украинката Олга Саладуха.

Атлетичарката од Етиопија Тики Гелана победи на маратонска трка што се трчаше по улиците на Лондон во лоши временски услови (дожд). Гелана златниот медал да го освои со време на нов олимписки рекорд – 2 часа 23 минути и 7 секунди. Сребрениот медал и припадна на Присах Џепто од Кенија, а бронзата на Татјана Петрова Архипова од Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...