Историска трка за Болт и Јамајка, светски рекорд за Давид Лекута

Највредниот резултат на атлетските натпреварувања досега на Олимписките игри во Лондон го постигна атлетичарот од Кенија Давид Лекута Рудиша, кој во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута.

Рудиша беше и досега светски рекордер, а ова беше прв поставен светски рекорд на Игрите во Лондон. Сребрениот медал го освои Нијел Амос од Боцвана, а бронзениот му припадна на Тимоти Китум од Кенија.

Во сенка на рекордот беше трката на 200 метри кај мажите каде триумфираше Усеин Болт од Јамајка, пред своите сонародници Јохан Блејк и Ворен Веир, кои направија „хет-трик“ за Јамајка. Болт трката ја истрча за 19.32 секунди и го одбрани златото од Пекинг.

Во трискок победи Американецот Кристијан Тејлор со скок 17.81 метри што е негов најдобар резултат сезонава. Второпласиран е неговиот сонародник Вил Клеј, а третопласиран е Фабрицио Донато од Италија.

Во најтешката дисциплина во атлетиката – десетобој уште една победа за Американците. Златниот медал го освои Ештон Итон со 8869 бодови, пред Треј Харди од САД и Леонел Суарез од Куба.

Во фрлање копје кај жените златниот медал и припадна на Барбора Спотакова од Чешка, која копјето го фрли на далечина од 69.55 метри. Веднаш зад неа се најдоа двете Германки Кристина Обергфол и Линда Стал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...