Болт ги откри новите планови и предизвици

Откако го одбрани олимпиското злато во 100 и 200 метри во Лондон, Усеин Болт ја отфрли можноста да ги испроба своите можности на трката на 400 метри, но затоа призна дека сериозно ја разгледува можноста да се испроба во скок во далечина.
Откако атлетичарот од Јамајка стана првиот спортист во историјата што стигнал до златни медали на 100 и на 200 метри на две Олимписки Игри во низа. Со тоа, Болт си обезбеди место меѓу легендите на атлетиката.

- Имав пред себе поставено цел - да станам легенда. Сега кога успеав во тоа, нормално е да поставам нови цели. Сите говорат за 400 метри, но јас немам намера да се натпреварувам на таа делница. Од друга страна, скок во далечина е нешто во што отсекогаш сум сакал да се пробам. Ќе треба да тренирам напорно, но тоа никогаш не ми претставувало проблем“ - истакна Болт.

Светскиот рекордер на 100 и на 200 метри планира да учествува и на Олимписките Игри во Рио во 2016 година, но не верува дека би можел да ги одбрани златните медали освоени во Лондон.

- Да бидам искрен, мислам дека моето време полека изминува. Наскоро ќе наполнам 26 години, на следните ОИ ќе имам 30 години. Од друга страна, Блејк на 22 години е фантастичен, во следниот период уште повеќе ќе напредува, така што не верувам дека ќе имам шанси со него во Рио. Би сакал да учествувам и на тие Игри, но говориме за нешто што ќе се случува за четири години, па прерано е за конкретни планови“ - изјави Усеин Болт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...