УС Опен: Ѓоковиќ во полуфиналето, Серена подобра од Венус

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Грен Слем турнирот во Њујорк откако утрово оствари победа од 3:1 во сетови против Фелицијано Лопез.

Со овој триумф тој се избори за полуфинале, каде ривал ќе му биде ланскиот шампион Марин Чилиќ.

Србинот го доби првиот сет со 6:1 во гемови, а Лопез изедначи откако го доби сетот со 6:3. Во следните два Ѓоковиќ беше подобар со 6:3 и 7:6 (7:2).



Повеќе неизвесност имаше во четвртфиналето меѓу Марин Чилиќ и Жо Вилфред Цонга. Актуелниот шампион на УС Опен Чилиќ поведе со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4), а Цонга изедначи на 2:2 (6:3 и 7:6) притоа спаси меч топки на ривалот во четвртиот сет. Во решавачкиот сет Чилиќ беше подобар со 6:4 во гемови.

На женските мечеви одиграни ноќеска во сестринското четвртфинале Серена Вилијамс ја победи Венус Вилијамс со 2:1 во сетови (6:2; 1:6; 6:3) и е на две победи до четвртата Грен слем титула во годината.

Во второто четвртфинале Роберта Винчи ја совлада Кристина Младеновиќ со 2:1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:4). Винчи ќе биде пречката за Серена Вилијамс до финалето.

Денеска се играат другите четвртфинални мечеви во двете конкуренции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...