Скопје спремно за „егзекуција“ на Висла

Долгата клупска евро-сезона полека се ближи кон завршницата, а крајот е резервиран за најспектакуларните натпревари.

Првиот е на програмата во сабота. Доаѓа Висла Плоцк на натпревар на кој на Вардар му е потребна каква и да е победа. Резултатот од првиот меч е 30:30 и тоа го става Вардар во улога на голем фаворит. Посебно ако се земе предвид дека последното гостување на Висла во Скопје заврши со пораз од 11 гола разлика. А тогаш уште ги имаа Јуркиевич и Сипжак во составот.

Но, од друга страна, ваквите натпревари воопшто не се лесни за играње и за тимот кој во обложувалницте важи за фаворит, во случајов Вардар.

Нерешениот исход од гостување има дејство на релаксант и знае да ги успори рефлексите. Не е сè готово. Посебно затоа што Висла Плоцк има екипа која заслужува целосен респект. Се радуваа полските ракометари по истекот на 60-тата минута во „Орлен Арена“ како да победиле. Се радуваа затоа што губеа со четири гола разлика на три минути до крајот, но покажаа карактер, се вратија во игра и ја одржаа во живот шансата за реваншот. И ќе дојдат во Скопје без резултатски притисок, со желба да ја искористат можноста која Вардар им ја пружи со падот во последните три минути.

Но, во Скопје, ништо нема да биде во нивни раце.

Доколку Вардар си го одработи својот дел, Висла ќе се врати дома со една задача. Да ги анализира причините што и оваа година нивната европска одисеја завршува во 1/8 финалето.

За Вардар да го одработи својот дел ќе му биде потребна првенствено инспирација. Полна сала бучни навивачи би ги држела будни играчите. Поддршката од трибините би требало да ги носи напред, а кога еднаш ќе „тргне“ Висла ќе биде отпишана. Полјаците имаат добар тим, сезонава имаат подобри резултати на гости отколку дома, но од друга страна, пак, годинава во „Јане Сандански“ победи само Барселона и тоа со големи маки.

Сезонава, Висла, во резимето на Вардар би требало да биде само препрека која треба да се преплива, вистинскиот предизвик го очекуваме во втората нокаут фаза, кога ќе дојдат на ред дуелите со познаникот од СЕХА – Веспрем.

ДРУЖБА НА ПЛОШТАД

Утре од 12:30 на градскиот плоштад вардаровите ракометари и ракометарки низ дружба со граѓаните ќе ги промовираат натпреварите со Висла Плоцк (сабота) и со Ларвик од 1/4 финалето на Лигата на шампионите во женска конкуренција (2 април). Симпатизерите кои ќе се одлучат тој еден час да го минат на плоштадот, покрај вообичаените муабети, фотографирања и слично ќе имаат можност и да учествуваат во наградни игри, па кому ќе му се посреќи може и да се офајди од дружбата.

ВИДЕО БИМ ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Вообичаено, за 1/8 финалните битки од Лигата на шампионите, билетите се продаваат многу брзо и голем е бројот на симпатизери кои остануваат со празни раце. За сите кои нема да сакаат пресметката на Вардар со Полјаците да ја гледаат дома или во некој локал, Вардар ќе организира следење на натпреварот на видео- бим, на платото пред салата „Јане Сандански“. Фан зоната ќе биде отворена од 15:00 часот, три часа пред почетокот на натпреварот.

Утре во „Јане Сандански“ ќе биде организирана и редовната прес конференција на која ракометарите и тренерот ќе ги кажат своите мислења, очекувања и ставови пред саботната пресметка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...