Вардар посакува трета среќа

По завршувањето на групната фаза, најдобрите четири клубови од СЕХА Лигата од денеска па сè до недела во Вараждин ќе атакуваат на титулата во ова регионално ракометно натпреварување. Меѓу нив е и македонскиот првак Вардар, кој на фајнл-фор турнирот во овој хрватски град ќе се обиде да дојде до својата трета титула. Четата, предводена од тренерот Раул Гонзалез, на овој собир иако доаѓа со големи императиви, сепак, е свесна за големата конкуренција, која доаѓа пред се од Веспрем и „домаќинот“ ППД Загреб, четворката во Вараждин ја комплетира најдобриот ракометен тим Мешков Брест.

Доколку се дојде до посакуваната цел, односно до највисокото место на пиедесталот, за Вардар ова ќе биде трет пат како му успева тоа. Во вториот денешен полуфинален меч од 20:30 часот, „црвено-црните“ момци за противник ќе го имаат загрепскиот колектив. Екипата денеска се комплетираше, откако првиот дел на играчите, кои настапуваа на последниот меч од групната фаза, против Мешков Брест, пристигнаа вчера. Додека, ракометарите кои добија (не)заслужен одмор, по осминафиналната елиминација на Висла Плоцк, ќе се приклучат денеска. Противникот е добро познат, впрочем веќе два пати во оваа сезона Вардар и Загреб ќе ги одмерат силите. И обата колективи забележаа по една победа на домашен терен.

„Ние сме задоволни од досегашниот остварен успех. Финиширавме на второто место и можеме да кажеме дека тоа е големо остварување. Сметам дека имаме добра игра, но таа ќе мора да се прикаже на теренот бидејќи и противникот не е наивен. Ќе биде навистина интересен натпревар бидејќи станува збор за екипи кои играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ние сме свесни за квалитетот на играчите на ППД Загреб, а од друга страна имаме проблеми со повредените. Мечот ќе биде од голема важност, па затоа ние ќе го играме како да е финале“, порача тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.



Со голем почит кон противникот се обрати и пикерот Столе Стоилов, кој заедно со стручњакот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ направија своевидно шоу кон обраќањето на новинарите.

„Вардар на претходниот фајнл-фор турнир, кој се одигра во Веспрем не се покажа во добро светло. Јас се надевам и мислам дека ќе го поправиме тој лош впечаток од пред една година. Ракометарите на Загреб ни се стари познаници, па затоа може да се очекува квалитетна претстава од обата тимови“, изјави Стоилов.

Вујовиќ го искористи моментот и се понуди да ја преведе изјавата на хрватски. За на крајот да додаде „Стоилов многу ме сака мене“, и на свој харизматичен начин го покажа големиот респект кој го има кон македонскиот првак, со кој ја освои премиерната титула во ова регионално натпреварување.

ХАРБОК И ШТЕРБИК ВО ТИМОТ

Пред тренерот на вардарци, Раул Гонзалез, е голема дилема. Дали да им се даде шанса на ракометарите кои практично не беа дел од регуларниот дел од СЕХА лигата или, пак, тие да бидат во првиот тим. Сепак, едно е сигурно, а тоа е дека во вечерашниот состав ќе бидат и Арпад Штербик и Сергеј Харбок.



„Како што сите знаеме, и двајцата имаат проблем со повредите, но ќе бидат во составот за мечот против Загреб“, додаде Раул.

Рускиот лев бек кој имаше повреда на левиот бутен мускул со сигурност ќе ги одигра првите минути по опоравувањето. Шрербик, пак, најверојатно, ќе биде во втор план и неговото активирање на голот би бил во итните случаи.

ШАНСА ЗА „ОДМАЗДА“

Во досегашната клупска историја, македонскиот и хрватскиот шампион се имаат двапати сретнатото на Ф4 турнирите од регионалната лига. Во првата сезона (2011/12) од создавањето на СЕХА лигата, тие одиграа полуфинален натпревар на завршницата во Загреб. Вардарци успеаја непријатно да го изненадат домаќинот и со победа од 30:29 да обезбеди пласман во финалето. Во македонското дерби против Металург, во моментов нашиот најдобар тим триумфираше со 21:18.

Не се чекаше долго за тогашна Кроација Осигурување Загреб (денешен ППД Загреб) да го возврати ударот и тоа на идентичен начин. Една година подоцна Хрватите ќе слават во Скопје и тоа со победа во финалниот натпревар од 26:24. Денешниот меч ќе претставува одлична можност за одмазда и за возвраќање на ударот. Дека Вардар е еден од најдобрите балкански а воедно и европски клубови, беше потврдено веќе идната сезона. Третата година од ова веќе престижно ракометно натпреварување, ја донесе и втората титула во клупските витрини. Ниш беше домаќин на најуспешните, каде што во финале силите ги одмерија Вардар и Мешков Брест, по кој македонскиот претставник победи со 29:27. Последната средба на овие два тима беше на завршницата минатата година, каде што Загрепчани во мечот за третото место победија со 23:26.

ЕУФОРИЧНИОТ ЗАГРЕБ

Откако се надминаа себеси и успеаја да направат сензација елиминирајќи го Рајн Некар Левен, ракометарите и стручниот штаб на ППД Загреб очекуваат земање на нов скалп на еден великан. Хрватите ќе мора да го искористат моментумот кој треба да биде главен нивни „адут“. Од друга страна, дополнителна надеж влева бледата претстава на вардарци на последните два настапи во Лигата на шампионите против Висла Плоцк.



„Податокот дека во СЕХА лигата играат три тимови кои се во четвртфиналето од Лигата на шампионите, говори дека сето ова е многу добар проект. Успехот што го направивме во ЛШ е веќе зад нас и искрено повеќе не потсетуваат медиумите, отколку што самите ракометари се сеќаваат. Најважно за нас е да одиграме добро против Вардар. До сега имаме неколку меѓусебни дуели. Сум бил и тренер во Вардар, но во моментов таму има друга структура, која одлично го води тимот. Имаат и огромен буџет, впрочем имаат и подобра опрема од нас“, на шала потенцираше Вујо.

„Тие се благ фаворит на овој дуел, за кој сметам дека истиот ќе биде доста интересен пред четвртфиналните дуели во ЛШ“, заврши предводникот на хрватскиот шампион.

Повредите во загрепскиот тим, ќе го принудат нивниот стратег на терен да излезе со изменет состав, со цел да се зачуваат силите за четвртфиналето во ЛШ каде што силите ќе ги одмерат со Пари Сен Жермен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...