Ракометарите на Вардар се пласираа во финалето на СЕХА лигата

Македонскиот ракометен шампион Вардар успеа да се пласира во финалето на СЕХА лигата откако синоќа во полуфиналето на завршниот турнир што се игра во Вараждин го победи ППД Загреб со 26:24.

„Црвено-црните“ во борбата за титулата ќе играат против актуелниот шампион Веспрем, кој по изведувањето на пеналите во првото полуфинале беше подобар од Мешков Брест со 24:21.

Во поголемиот дел од натпреварот Вардар имаше предност и сосема заслужено стигна до победата и ново четврто финале во ова натпреварување, а третпат успева да го победи Загреб. Најефикасен кај Вардар беше Дејан Манасков со 6 голови, додека Алекс Душебаев постигна 5. Во редовите на ППД Загреб Златко Хорват беше стрелец на 6 голови.

Денеска е слободен ден за екипите, а финалето Вардар – Веспрем се игра утре во 19 часот, додека дуелот за 3.место меѓу ППД Загреб и Мешков Брест почнува во 16:30 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...