Во Гдањск по остварување на олимпискиот сон

Краткото време за подготовки на репрезентациите учесници на олимписките квалификации истече. Уште не се ни комплетираа како што е ред и македонските ракометари ги спакуваа торбиците и утрово заминуваат за Гдањск каде што од петок до недела ќе одиграат три квалификциски натпревари за пласман на летните Олимписки игри во Рио.

ШАНСА НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

Ова е последната шанса на оваа генерација на играчи да се пласира на Олимписки игри и да стане првата македонска екипа која во колективен спорт го постигнала овој успех. Дваесетина години Македонија на Олимписките игри ја претставуваат само индивидуални спортисти и веруваме дека нема спортски фан во Македонија кој не посакува на отворањето на игрите да види бројна македонската репрезентација со што би заличеле на државите кои негуваат респектабилен спорт, а не да нè поистоветуваат со држави од рангот на Сент Китс и Невис и ред други за чие постоење се слуша на секои четири години, при претставувањето на Олимписките игри.

Македонија имаше еден неуспешен обид да стигне на ОИ. Во моменти на голема еуфорија, во 2012 можеби и се преценивме во однос на Унгарија и Шведска. Данокот на неускуството беше скапо платен, а дали е научена лекцијата, ќе видиме.

Сега има втора шанса, не подарена туку заработена на мундијалот во Доха. Не следеше и среќа, па сега ќе се натпреваруваме во група во која има две неевропски репрезентации. Го посакувавме Алжир, сакавме да го избегнеме по секоја цена Египет, на крајот го добивме за противник Тунис. Тука се уште и Полска и Чиле. Полјаците ги етикетираме како фаворити, најмногу заради тоа што ќе играат пред домашна публика, Чиле го етикетираме како аутсајдер, иако многу пати потврдено правило е да не се потценува ниту еден противник.

Три натпревари во три дена. Македонија игра во 20:30 на првиот меч, во 18:30 на вториот. Нема да имамногу време за одмор, но сепак, не се работи ниту за долг турнир, туку за три натпревари, од кои очекуваме вториот да биде клучен, третиот би сакале да е „ревијален“, со славенички ноти, нормално.

Ова е турнир на кој нема поправен, нема право на лош ден, нема да држи никакво оправдување. Гради во гради, 60 минути без повлекување. Ова е турнир на кој мора да се игра и „со една нога“ ако треба.

ПРЕМИЈА ОД 55.000 ЕВРА

РФМ обезбеди премија од 55.000 евра за пласман на репрезентацијата на Олимписките игри. Паричната мотивација, сепак, овде е во втор план. Најголемата награда е на влог ставен на маса. Настап на Олимписки игри е најдобрата мотивација која спортист може да ја добие.

МУКАЕТОВ: СИТЕ ДА ЗАСТАНЕМЕ ЗАД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Претседателот на РФМ говореше на вчерашната прес конференција:

„Дојде и денот кој толку време го чекавме, ова е таа втора шанса да играме на Олимписките Игри. Сите сме максимално фокусирани, за играчите не сакам ни да зборувам. Мислам дека сите заедно сме спремни да го направиме тој исчекор што од нас се бара, се очекува. По она ЕП во Краков направивме анализа за тоа како дополнително организациски да ја засилиме репрезентацијата, по што доведовме нов спортски директор максимално посветен на репрезентацијата, да направиме плус квалитетен исчекор во делот на физиотерапеутика. Исто така проценка ни беше да доведеме и професионален спортски психолог од Словенија, со што стручниот штаб е целосно екипиран. Како претседател на РФМ барам од цела нација да застане зад нас, да ја добиеме војната во Гдањск, а не да се замараме со работи кои во моментов се тотално небитни и максимално погрешно темпирани.







ФАЛАНГАТА ЗАМИНА ЗА ГДАЊСК

Репрезентацијата за Гдањск заминува утрово, а навивачите кои ќе патуваат нешто помалку од 2.000 километри заминаа ден порано.

Опремени со голем број на навивачки реквизити, групата од која голем дел се чести патници на гостувањето на македонскиот тим, веќе е на пат, а Македонија и во Гдањск ќе има поддршка, најмалку од 50 навивачи.



ПРОТИВНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА ПОКАЖА И ДОБРИ И ЛОШИ СТРАНИ

Тунис поразен од Гумерзбах

Репрезентацијата на Тунис, тим кој го таргетираме како клучниот противник за пласман на ОИ, подолго е на подготовки, а стигна да одигра и еден контролен натпревар. Тунис загуби ос Гуерзбах (27:33), на натпревар на кој покажа и добри и лоши страни.

Ваел Жалуз игра и во Тунис, како што игра во Барселона и тоа е нивната најсилна страна. Дефинтивно. Левото крило Буганами се покажува како многу пакосен и брз играч на кого мора многу да се внимава. Имаат и добар централен бек во Саед и добар десен бек во првата постава.

На натпреварот со Гумерзбах не им се прославија голманите, но ветеранот Магаз веројатно нема да брани и во Гдањск како што бранеше во Гумерзбах.

Играат 6:0 одбрана, а менуваат два играча во транзицијата, што значи дека нема да се изнагледаме брзи центри на дуелот со Македонија. Исам Теж игра во одбрана на позиција четири, Жалуз на „петка“ и тука најлесно се прави „дупка“ затоа што корпулентниот пикер знае и да остави простор. Така беше со Гумерзбах, тоа што ќе биде во Гдањск може да биде сосема поинаква приказна.



КИРИЛ ЛАЗАРОВ

МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ

Долго време играм за оваа репрезентација и сакам да кажам една работа што е многу важна. Секогаш националната селекција е базата. Почит кон сите ракометни клубови кои функционираат, некои од нив и многу добро на европско ниво, но базата на ракометот секогаш треба да биде репрезентацијата. Така било и така и ќе остане. Ние ја добиваме оваа втора шанса да се пласираме на ОИ. За мене овие квалификации се државен интерес, Македонија е пред се, така треба и да биде, ние гордо сакаме да ја претставиме нашата земја на едни Олимписки Игри. Атмосферата е одлична, сите овој предизвик го имаме сфатено многу сериозно, како никогаш сериозно, како никогаш досега квалитетни, амбициозни, со голема желба што поскоро да почнат овие натпревари и се надевам на позитивен исход и заедно со вас да се радуваме на најголемиот успех во историјата на спортот во оваа држава“



ИВИЦА ОБРВАН

Едвај чекаме да почне

„Мотивирани сме максимално, со една јасна желба, на овој турнир во Гдањск да стигнеме до едно од првите две места во групата. Едвај го чекаме првиот натпревар, верувам во сите играчи, во сите луѓе кои се грижат за нас во моментов, за да стигнеме до Олимписките Игри, за првпат во историјата на Македонија во еден колективен спорт. Во Полска ќе патуваат 18 играчи, кој ќе отпадне ќе видиме по последниот тренинг.

Постои и опцијата доколку имаме добри настапи на првите два натпревара и доколку со Чиле решава дали ќе одиме на ОИ, да го ослобовиме Талески или Кузмановски или и двајцата за настап на јуниорските квалификации во Швајцарија. Ние со Чиле какви ќе се стегнеме и ќе ги победиме“.







ПОДДРШКА И ОД РФМ И ОД МОК

На прес конференцијата и претходеше и посета на врвот на РФМ на репрезентацијата.

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов и Генералниот секретар Филип Милошевски, ги посетија репрезентативците,и низ краток работен состанок поразговараа за претстојниот квалификациски турнир за Олимписките игри. Претседателот на РФМ, при посетата на репрезентацијата, му врачи и мал подарок на Велко Маркоски кој го прослави својот 30-ти роденден.

Вечерниот тренинг на де пред заминување на македонската ракометна репрезентација го посетија претставници на Македонскиот Олимписки Комитет: Претседателот на МОК, Д-р Васил Тупурковски; спортскиот директор, г. Владимир Богоевски и генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски.



КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ

8 април, петок

18:30 Чиле – Тунис

20:30 Македонија – Полска

9 април, сабота

18:30 Македонија – Тунис

20:30 Полска – Чиле

10 април, недела

18:00 Македонија – Чиле

20:00 Полска - Тунис



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...