Расте оптимизмот пред битката со Чесите

Македонската репрезентација се комплетираше на два дена пред заминувањето за Злин каде што во сабота на пладне ќе го одигра првиот натпревар од двомечот со Чешка, бараж кој решава која репрезентација ќе патува на јануарскиот мундијал во Франција.

Откако се собраа сите кандидати на кои смета новиот селектор, акцијата која следи е кратење на списокот до конечната бројка од 17 играчи, од кои 16 ќе настапат на првиот натпревар.

Во првото кратење на спиосокот отпаднаа новаците Ивица Лазаревски, Борче Соколов, Боан Блажевски, Мартин Манасков и Стефан Дрогришки.

Од 23 кандидати колку што останаа, второто сито во машката репрезентација остави надвор од списокот на патници за Злин уште тројца. Филип Кузмановски, Мартин Томовски и Дарко Димитриевски нема да бидат дел од првиот натпревар. Развој на настани прилично очекувам, посебно откако Кузмановски се пожали на повреда и беше поштеден за време на тренинзите.



За среќа не се работи за сериозна повреда на талентираниот бек, па така останува во најтесен избор за реванш натпреварот во среда. Викендов ќе добие време за одмор и рехабилитација и во понеденик би требало одново да е во строј.

Мартин Томовски и Дарко Димитриевски остануваат во конкуренција, но не би се обложиле на тоа дека во среда ќе бидат во составот. Но, времето е на нивна страна и нема да пројде долго време додека не влезат и во најтесен круг на кандидати за настап.

Уште најмалку тројца ќе се најдат на списокот на резерви пред патувањето за Чешка.

СЛАВЕНИКОТ ЏОМБА

Вчерашниот ден е посебен во животот на Гоце Георгиевски, репрезентативното крило. Тој за прв пат стана татко и неговата среќа позитивно влијае врз расположението на целиот тим.

Причина за загриженост, пак, за Лино Червар е повредата на која се пожали Стојанче Стоилов. Настапот на корпулентниот пикер не е доведен во прашање, но ќе мора силно да стисне заби, можеби и да биде штеден на првата пресметка.

ПОЛНА САЛА ВО ЗЛИН

Чешката федерација за дуелот со Македонија посакуваше да се врати на местото на некои од нивните најголеми победи, во Брно. Но, салата во овој град е зафатена викендов, па затоа одново се одлучија за Злин каде што во 2014 година играа против Македонија. Таа средба да потсетување заврши нерешено откако Чешка водеше со седум гола разлика на полувремето.



„Еуроникс“ во Злин собира нешто помалку од 2.000 гледачи. Според информациите објавени од нивната федерација, до вчера беа останати во продажба околу 400 билети, со очекување на организаторот да бидат продадени и тие до почетокот на натпреварот. Инаку, цената на еден билет, од тие кои се преостанати е околу 700 денари. Без оглед на тоа колку е полна салата, нема да има голем притисок врз ракометарите со оглед на тоа дека публиката таму е мирна, атмосферата е театарска, а триибините главно се исполнети со семејни луѓе кои доаѓаат со деца.

Иако чешката фудбалска репрезентација нема да игра натпревар на Европското првенство во фудбал во сабота, терминот за ракометниот натпревар е 12:30, што е незгоден термин и е темпиран така да се размине со настаните на фудбалските стадиони во Франција. Швајцарија – Албанија, Велс – Словачка и Англија – Русија инаку ќе играат во сабота. Чешката ракометна федерација ова го најави веднаш откако беше позната ждрепката.

„Ќе мораме да се прилагодиме“, вели Червар „Ќе направиме план, ќе го измениме односно засилиме доручекот затоа што нема да има време за ручек поради терминот на играње на натпреварот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...