Македонските ракометари отпатуваа за Злин на мегдан против Чешка

Најдобрите македонски ракометари утринава отпатуваа за Злин, каде во сабота ќе го одиграат првиот од двата бараж дуели против Чешка, преку кои ќе се брка настап на СП во Франција следната година.

Според планираното нашата селекција ќе одржи еден трениг, во терминот од 12 часот и 30 минути, време во кое утре (сабота) ќе започне мечот со Чешка.

Иако во редовите на Чешка недостасуваат неколкумина стандардни репрезентативци, сепак од нашиот табор предупредуваат дека мечот во Злин нема да биде лесен.



- Знаеме дека ќе играат без неколкумина стандарди играчи, но тоа не треба да не залаже. Тие се добра репрезентација која сака да игра брз ракомет. Честопати и немаат трпение во одбраната па имаат нерезонски завршници. Едноставно не ја ценат топката. Тоа е нашата шанса, со дисциплинирана и црвста игра во одбраната да ги натераме што повеќе да го прават тоа, изјави пред заминувањето Наумче Мојсоски.

Искусниот бек, иако најави повлекување од репрезентацијата по неуспешниот обид за пласман на ЛОИ во Рио, сепак ќе помогне Македонија да се пласира на завршницата на едно големо натпреварување.

За остварување на целта, црвено-жолтите најнапред утре ќе треба да извлечат позитивен резултат, односно да не бидат поразени, па на реванш дуелот во Скопје, во среда (15 јуни), уште еднаш преку Чесите, македонските ракометари да обезбедат пласман на завршницата на Светското првенство во Франција на почетокот на следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...