Сениорите низ Чешка го бараат патот кон Франција

Македонската репрезентација вчера пристигна во Злин и го одржа единствениот тренинг во „Еуроникс“ пред денешниот меч со чешката репрезентација. Откако Лино Червар одлучи во Скопје да ги остави Златко Даскаловски, Милорад Кукоски и Никола Костески, репрезентацијата остана со истиот состав со кој играше и во квалификациите за Олимписките игри, со една измена. На местото на Филип Кузмановски, кој играше во Гдањск, сега е новиот клупски колега Филип Талески. Кузманоски поради проблем со грбот, остана во Скопје.

За среќа, не се работи за сериозна повреда, како што сме информирани повредата е мускулна предизвикана, најверојатно, од замор, па така тој останува во комбинациите за настап на реванш натпреварот кој в среда (20:00 часот) ќе се игра во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Играме со познат противник во сала во која веќе имаме гостувано. Пред две години таму се водеше битка за пласман на ЕП Полска. Таа битка заврши нерешено, а во Скопје победи Македонија со 4 гола разлика и ние се пласиравме на ЕП. Но, не минаа без мака тие квалификации. Чесите настапија ослабени без четворица ракометари, Македонија беше комплетна, засилена и со Ренато Вугринец, но на полувреме на семафорот стоеше 18:11 за Чешка, на општо чудење и неверување во редовите на македонската делегација.



Но, во второто полувреме се разигра Кирил Лазаров, Миркуловски постигна 5/5, а Наумче Мојсоски единствениот погодок го постигна на две минути до крајот кој можеше да значи и комплетен пресврт. На крајот, нерешено од што првенствено задоволна беше македонската репрезентација.

Рековме дека Чешка на тие натпревари, а и од тогаш до сега не може да смета на своите двајца најдобри играчи. Филип Јиха и Павел Хорак ги нема ниту на овие квалификации и прашањето е дали воопшто и ќе заиграат повторно за Чешка. Но, и без нив покажаа дека можат да бидат незгодна екипа. Им се вратија Роман Бечвар и Милан Шкварил, двајца играча од надворешната линија, но не знаеме каков ќе биде ефектот од нивното враќање во тимот. Тие се поискусни играчи, но и побавни и тоа е тоа што нас всушност ни оди во корист.

„Мислам дека ќе се обидат да ја искористат брзината, транзицијата, за да нè притиснат затоа што знаат дека ние правиме две измени напад-одбрана. Можат да бидат доста опасни ако им го дозволиме тоа“, изјави Лино Червар.

Штом се очекувањата Чесите да играат брзо, нашите ракометари би требало да бидат фокусирани на брзо враќање на својата половина. Ако нешто запаметивме од времето кога овие репрезентативци играа под команда на Лино Червар во Металург -тоа е дека нема да бидат трошени топки напразно. Со тоа би намали бројот на напади кои Чесите би ги добиле на наши грешки, а на спротивната страна, трпеливата одбрана и брзиот чешки напад би требало да значи шанса за Манасков и Георгиевски да се истрчаат во контранапади.

РАЗБИВАЊЕ НА ЕДНОЛИЧНОСТА И ПРОМЕНА НА ПРИСТАПОТ

Најголемата опасност од редовите на Чешка ќе доаѓа од нивниот централен бек Андреј Здрахала. Тој на претходните натпревари се докажа како играч кој не ѝ лежи на македонската одбрана. Но, по одиграни двата претходни натпревари, Аце Јоновски и Велко Маркоск би требало веќе да имаат смислено план како да го неутрализираат. Настрана што и Лино Червар ја увиде опасноста која демне од него, па Македонија денеска извесно покрај стандардната 6:0 ќе ја видиме и со 5:1 одбрана.

Тоа е малку од малку разбивање на едноличноста во играта на тимот. Обрван ретко се решаваше на промени на дефанзивната зона и тоа им даваше повеќе шанси на противниците, посебно на клучните натпревари да стигнат до предност. Со Лино Червар, нема сомнеж дека одбраната ќе функционира на поинакво ниво, прашање е дали ќе профункционира веднаш или ќе треба да мине време и да кажеме подолги подготовки за да се врати препознатливиот стил на игра кој го негуваше Металург.

Засега екипата е истата со незначителни измени од составот кој настапуваше во Краков и Гдањск, но дали ќе биде ист и пристапот е клучното прашање. Само на тоа и имаше време да се фокусира Червар по преземањето на кормилото на сениорскиот тим.



ТИМСКИ ДУХ

Ќе успее ли Червар да го врати тимскиот дух во репрезентацијата? Колективот беше на сериозен испит во Гдањск и периодот по тоа. Сега изгледаат малку поинаку работите, помирно, посталожено. Но, развојот на настаните на теренот ќе покажат дали во репрезентацијата повторно ја имаа „онаа“ хемија која ги водеше низ годините и поради која репрезентацијата постојано се наоѓаше на големите натпреварувања.

Сликата во тимот изгледа сосема в ред. Нервоза како пред натпревар не е негативна туку позитивна страна. Останува да видиме што подготвиле Чесите по серијата пораз од Македонија. Дали нешто промениле, дали имаат некоја тајна формула со која ќе се обидат да стигнат до добар резултат.

Не беше тајна дека со неверување ја примија веста за елиминацијата на Македонија во Гдањск и најавија дека ќе ја гледаат снимката од натпреварите со Полска и посебно со Тунис. Ако се фатат на тие мечеви, треба да очекуваме Чешка да игра нешто слично на Тунис, со тоа што тие немаат ниту такви напаѓачи, ниту, пак, одбрана каква што има Тунис.

Играта на Македонија, освен во сегментот одбрана, не може да се менува многу. Може да се промени трпеливоста, да бидеме помирни и да играме до посигурна ситуација за шут, сè друго е тоа што веќе го играме со години.

ЗАЛОГ ЗА ИДНИНАТА

Овој бараж е од посебно значање за македонскиот тим. Не само затоа што Лино Червар ќе дебитира на селекторската позиција туку за сè што треба да следи понатаму. Македонија од среда останува без Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски и ако не сакаме да се доведеме до ситуацијата во која се наоѓаше женската репрезентација која со години ја предомислуваше Јулија Николиќ (Портјанко) потребно е во најкроток рок да се изградат соодветни замени.

Име цела генерација играчи кои чекаат повик и шанса да играат, проблемот е што тие се сè уште јуниори и рано е да влезат со таква одговорност. Настап на СП каде би имале повеќе минутажа е клучен, да не кажеме критичен момент за „безболна“ транзиција. Но, прво треба да се одработи за пласман на СП. Чешка е речиси идеален противник на нашата репрезентација, во овој состав е да им обезбеди на младите играчи настап на СП, а не да ги заглави во квалификацискиот лавиринт од каде што многу тешко се излегува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...