Македонија дома ќе го одигра третиот натпревар од квалификации за ЕП 2018

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД

Четврток, 20:00ч.

СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Ларс Геипел и Маркус Хелбиг од Германија. Делегат: Клаус Дитер Конвенц од Белгија.

  • 2 победи има Македонија над Исланд во досега одиграните 13 натпревари. Една средба завршила нерешено. Исланд победил 10 пати

  • 8 гола разлика е највисоката победа на Македонија над Исланд, 34:26, во 2008, единствениот пат кога сме успеале да го елиминираме Исланд во директен дуел, од петте вкупно квалификациски дуели

  • 16 гола разлика е највисокиот пораз на Македонија од Исланд, во квалификациите за ЕП 2000, на гостувањето во Рејкјавик загубивме со 22:38

Македонскиот ракометен тим е една од репрезентациите кои никогаш немаат „дерман“ и во чија судбина е запишано постојано да биде на некој крстопат, а секој нареден натпревар да биде игра на сè или ништо.

Вечерва одново ќе се одбира по кој пат ќе се тргне. Пред нас се 60 минути по кои или ќе го фатиме правецот кон Хрватска, или ќе се вратиме назад, на место на кое не сме биле со години и за кое искрено се надевавме дека припаѓа на едно минато време на кое никој радо не се сеќава.

Македонскиот тим е навикнат да живее со притисокот што го носат ваквите натпревари.

Пред нас е и противник кои доаѓа од неславните минати денови. Исланд, малата островска држава која им противречи на сите непишани спортски закони и успева да им парира на големите и моќните во повеќе спортови, вклучувајќи го и најмасовниот на европско тло, фудбалот. Ракометот, пак, е нивна потесна специјалност и спорт број еден. Слично како и во Македонија.

Нивната ракометна „филозофија“ во многу нешта се разликува од македонската, но без разлика кој од која страна стигнал до денешното боиште, кога ќе се подвлече линија доаѓаме до едноставната формула која вели дека кој ќе победи вечерва, најверојатно ќе се пласира на ЕП Хрватска.



Македонија има еден тежок за анулирање пораз од Чешка, но поголем „кикс“ направи Исланд на гостувањето во Украина. Чешка си тера(ше) условно кажано според планот, со една победа од седум гола над Македонија и минимален пораз на Исланд. Зборуваме, нормално, за состојбата во групата „4“ во пресрет на третото коло, односно вчерашниот дуел на Украина и Чешка.

Македонија денеска може да заврши голема работа. Предноста е на нашата страна, а таа се вика „ВИП Арена Борис Трајковски“. Исланд веќе не е тој прекален и искусен состав од минатото каде што имаше неколку играчи од врвна класа кои не подлегнуваат на притисок. Се менуваа и кај нив и играчи и селектори, иако сега би требало да се блиску до тоа што се нарекува финален производ.

Имаат и сега квалитетни индивидуалци, посебно повратникот во нивниот тим Арон Палмарсон и човекот кој веруваме дека до крајот на годината ќе стане најдобриот стрелец за репрезентација во историјата на ракометот - Гудјон Валур Сигурдсон. Но, за другиот дел од тимот, не би се обложиле со сите пари дека е комплетно отпорен на скопскиот амбиент. Сепак, да потенцираме, дека публиката може да биде стимул за македонските ракометари да повлечат, да пружат повеќе отколку што можат. Може да биде моментот кој ќе направи да затрепери противничката рака или да го смени нивниот фокус, барем за момент. Но, не може да биде нашето најсилно оружје. Тоа мора да бидат играчите на теренот и новиот тренерски тандем на клупата.
Така доаѓаме до моментот во кој ќе видиме како функционира „новиот“ тим, на својот прв натпревар по кратката и бурна авантура со Лино Червар на кормилото. Не е нов овој тим во поглед на играчи, затоа што единствените крупни измени од тимот што играше во Плзењ се изоставувањето на Јоновски и Прибак. Новитетот треба да биде начинот на кој ќе играме под водство на Раул.

И од тоа ќе зависи како ќе тече натпреварот и конечно дали во јуни ќе играме за ЕП или за „слава“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...