Халеп се избори за своето второ финале на Ролан Гарос

Париз, 9 јуни 2017 (МИА) – Романската тенисерка Симона Халеп успеа да се пласира во финалето на женскиот дел од турнирот на Ролан Гарос откако синоќа во второто полуфинале ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 2-1 во сетови (6:4; 3:6 и 6:4 во гемови).

Таа во финалето на Ролан Гарос играше и во 2014 година.

Нејзината противничка Плишкова, која беше втора носителка, остана со финалето на УС Опен од 2016 година.

Халеп е рангирана како трета носителка и во финалето ќе игра против Јелена Остапенко од Летонија, која со 2-1 (7:6 (7:4); 3:6 и 6:3) ја победи Тимеа Башчински од Швајцарија.

Женското финале се игра во сабота, а денеска на програмата се машките полуфинални мечеви: Енди Мареј – Стан Вавринка и Рафаел Надал – Доминик Тием.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...