Ракометарките подготвени го очекуваат баражот со Шведска

Скопје, 9 јуни 2017 (МИА) – Женската ракометна репрезентација на Македонија утре го игра првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство во Германија против селекцијата на Шведска. Во рамките на подготовките македонските ракометарки одиграа три контролни дуели на турнир во Турција и постигнаа победа против Литванија, а загубија од Русија и од Турција.

Капитенот на репрезентацијата Елена Ѓорѓиевска во пресрет на дуелот со Шведска изјави дека натпреварите во Анталијља биле добредојдени.

- Трите натпревари во Анталија беа добредојдени. Особено што за ривал имаме силна репрезентација (Шведска). Ќе направиме се да постигнеме добар резултат, особено што нашата форма е во нагорна линија. Важно е секоја ракометарка да го даде својот максимум и да се бориме како што тоа го правевме на квалификациите на Фарски острови. Воедно потребна ни е поддршка од публиката за да имаме добар резулат, рече Ѓорѓиевска.

Натпреварот се игра во СРЦ Кале утре со почеток во 20:30 часот, а влезот е слободен.

За пласман на СП се играат вкупно девет бараж дуели, а вечерва на програмата се натпреварите: Црна Гора – Белорусија, Русија – Полска, Романија – Австрија, Украина – Шпанија. Утре покрај натпреварот Македонија – Шведска играат уште: Италија – Србија, Унгарија – Словачка, Хрватска – Словенија и Чешка – Турција.

Пласман на шампионатот имаа обезбедено Германија како домаќин и Норвешка како светски првак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...