Мареј не очекува да го задржи високото ниво

Енди Мареј вели дека сака да ужива во „последните неколку години“ во тенисот, откако призна дека за пет години нема да може да биде на своето највисоко ниво.

Последната година, тој го има дефинитивно најдобриот период во својата кариера, победувајќи по вторпат на Вимблдон, бранејќи ја олимписката титула во Рио и качувајќи се на првото место на АТП-листата. Меѓутоа, во 2017 работите се поинакви - тој загуби во четвртото коло на Австралискиот опен, а имаше рани порази во Индијан Велс, Монте Карло, Мадрид и во Рим.

Со своите 30 години, прашање е до кога ќе може да се бори за најголемите титули во светот, иако враќањето во форма на 35-годишниот Роџер Федерер и на 31-годишниот Рафаел Надал може да му даде надеж дека такво нешто е можно. Мареј вели дека не очекува да биде толку долговечен како Швајцарецот.

„Не очекувам да освојувам гренд слем титули до мојата 35-та или 36-та година, така што морам да направам најмногу што можам во следните неколку години. Затоа, по Ролан Гарос не направив голема пауза. Зедов неколку дена одмор, но потоа веднаш почнав со тренинг на трева“, вели Мареј.

Мареј, исто така, признава дека е неизбежно губењето на првото место на АТП-листата во блиска иднина, дури и да успее да стигне до третата титула на Вимблдон.

„Најверојатно, ќе го загубам првото место, бидејќи ако сакаш да останеш таму, не смееш да имаш периоди од три месеци во кои не победуваш и не си добар на големите турнири, нешто што мене ми се случи до Ролан Гарос. Не се обидувам да го освојам Вимблдон поради рејтингот, така што тоа е во ред“, додава Мареј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...