Вардар е во финалето на Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар по втор пат во својата историја ќе играат во финалето на Лигата на шампионите. Вардарци вечерва во Келн ја победија Барселона со 29:27.



Противник на македонскиот шампион утре во финалето ќе биде Веспрем.

До големиот подвиг Вардар дојде по подобра игра во второто полувреме кое го доби со 20:11. Ретко кој очекуваше дека по водството на Каталонците на полувремето со седум голови разлика (16:9), дека македонскиот тим може да се врати, но така не мислеа избраниците на Роберто Парондо. Тие со неверојатен пресврт им приредија голема радост на своите навивачи во арената во Келн и воопшто секаде низ светот.

Голманот Дејан Милосављев со своите 15 одбрани во првото полувреме го одржуваше Вардар на едноцифрена негатива, а во второто продолжи во ист стил за голема сензационална победа.

Во нападот Кристопанс со 10, Карачиќ со пет гола и останатите беа многу порасположени во вторите 30 минути.

За деветкратниот европски шампион Барселона ова е втор пораз од Вардар во последните три години на „фајнал фор“ турнирите во елитната лига.

Прес конференција по мечот Вардар - Барселона

Posted by RK Vardar on Saturday, June 1, 2019



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...