Стоилов: Со помош од трибините ќе се обидеме да го победиме Кјелце

Ракометарите на Вардар вo сабота се домаќини на Кјелце во седмото коло од Лигата на шампионите. Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов најави голема борба со стариот ривал.

– Не очекува тежок натпревар против секогаш незгодниот Кјелце. Со нив играме секогаш интересни натпревари. Тие се наш голем ривал и сите сакаме да победиме. Се надеваме на поддршка од трибините. Ситуацијата не е лесна за нас. Имаме многу повредени играчи и многу кои штотуку закрепнаа од повреда. Мислам дека во моментов не знаеме на што сме. Наше е да дадеме се од себе како на сите останати натпревари и да се обидеме да победиме, изјави Стоилов на денешната прес-конференција.

Тренерот Едуард Кокшаров кажа дека се уште нема јасна слика како ќе изгледа тимот.

– Во овој момент не можам ништо да кажам за тоа со кои играчи ќе располагам. Кој ќе игра , а кој не ќе се знае утре, на ден пред натпреварот. Не е лесно, но убеден сум дека оние кои ќе играат ќе дадат максимум. Самиот натпревар ќе покаже што и како, рече Кокшаров.

Натпреварот ќе се игра вo сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е најголемата навреда во Шкотска?
- Ќе ми платиш ти за тоа!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...