Категорично „не“ од австралиските власти за барањата на Ѓоковиќ

Австралиските власти категорично ги отфрлија денеска барањата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за олеснување на строгиот карантин за големиот број тенисери и тенисерки, кои се во двонеделна самоизолација без услови за подготовки за претстојниот Австралија опен.



Вкупно 74 тенисери и тенисерки, кои со чартер-летови пристигнаа во Мелбурн за настап на Австралија Опен, со одлука на организаторите, се ставени во строг двонеделен карантин, откако беа откриени неколку случаи на зараза со коронавирус меѓу патниците.

Ѓоковиќ, во својство на претседател на Здружението на тенисери (PTPa), со писмо до организаторите на гренслемот во Мелбурн побара да бидат обезбедени рамноправни услови за подготовки за сите учесници на турнирот што треба да стартува на 8 февруари.

Категорично „не“ на неговиот апел денеска пристигна од премиерот на австралиската сојузна држава Викторија, Даниел Ендруз.

-Правилата нема да се менуваат, бидејќи беа наложени од здравствените власти. Луѓето можат слободно да поднесуваат листи со желби, но одговорот е „не“, изјави Ендруз

-Знам дека неколку играчи „дрдореа“ во врска со правилата, но тие важат подеднакво за сите. За нив сите беа информирани пред доаѓањето и тоа беше условот што го прифатија. Овде нема да има повластен третман, бидејќи ниту вирусот не ве третира повластено, додаде премиерот на Викторија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...