Ѓоковиќ: Руне апсолутно ја заслужи победата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ упати комплименти за играта на Холгер Руне во финалето на Мастерсот во Париз.



Данецот вчеравечер го победи Ѓоковиќ со 2:1, по сетови 3:6, 6:3 и 7:5.

– Сакам да ти честитам за освоениот трофеј. Апсолутно ја заслужи оваа победа. Имаше неверојатна недела, фантастична. Не сум среќен што ме победи, но од друга страна, среќен сум за тебе затоа што ми се допаѓаш како личност. Ти си човек кој сака тенис и троши многу време на напорна работа, па тоа ти се исплати и сигурен сум дека имаш светла иднина пред тебе. Честитки! – му се обрати Србинот на 19-годишниот Руне.

За Данецот трофејот во Париз е прв од серијата Мастерс и вкупно трет во кариерата.

Од победата во Франција, Руне заработи 836.000 евра парична награда и 1.000 рејтинг поени на АТП листата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...