„Водно-Матка Треилс” - најпопуларната трка во планинско трчање по 6ти пат

Шестото издание на меѓународната трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс” ќе се одржи на 02.04.2023 во околината на градот Скопје, на планината Водно и споменикот на природата Матка. Настанот е еднодневен и е во организација на здружението „ТРЕКС” од Скопје и се состои од три трки. Стартовите на трките се закажани во 7, 8 и 9 часот на Средно Водно (комплекс Даре Бомбол - Црвен Крст) на оваа најбројна и најпопуларна трка во планинско трчање во Македонија.



Во изданието во 2023 година потврдени се 522 учесници од 26 држави. На настанот ќе волонтираат 70тина волонтери – планински тркачи, планинари, извидници и други граѓани со развиена волонтерска свест.

Првата трка (Маратон) на 40 километри и 2700 метри вкупно искачување стартува во 7 часот наутро од месноста Средно Водно. Маршрутата минува низ по трим патеката кон Марково Крувче, врвот Крстовар, целиот гребен на Водно до врвот Кале (Кота), потоа следи спуштање до Матка, искачување до Св. Недела, Св. Никола Шишевски, селото Св.Петка, Горно Нерези (ман.Св Пантелејмон) за да финишира на Средно Водно пред обејктите на Црвен Крст.

Втората трка (Полумаратон) ја следи истата маршрута како „големата“ но на неа учесниците не се симнуваат долу во кањонот Матка и со тоа должината која ја поминуваат е пократка и изнесува 27 километри со 1400 вкупно метри искачување.

Третата трка од 10 километри т.н. трка за забава е наменета за почетници и рекреативци како и за младинци од 13+ години кои за прв пат ќе искусат организиран натпревар во планинско трчање – така што целта на оваа трка е да привлече повеќе нови рекреативци и да мотивира идни шампиони.

Најбрзите натпреварувачи се очекуваат од 11 часот па натаму, а церемонијата за победници ќе биде во 14:00 часот на Средно Водно (комплекс на Црвен Крст). Ја повикуваме јавноста да го искористи денот за прошетка и да ги бодри натпреварувачите вдолж маршрутите. Исто така, и да присуствува на стартно-целната рамнина и да им честита на успешните финишери.

Спортски настани од меѓународен карактер - како што се сите трки во планинско трчање што ги организира ТРЕКС - активно учествуваат во промоцијата на Македонија и нашето кулурно-историското наследство и потенцијалот за реализирање авантуристички туризам. Конкретно трката Водно-Матка Планински Маратон комплетно го промовира скопскиот регион и ги потенцира најдобрите туристички дестинации во околината на Скопје.

Учесниците за време на трките ќе имаат прилика да ги посетат најубавите места на Водно, да уживаат во прекрасните панорами кон Скопската Котлина и планините Скопска Црна Гора, Жеден, Караџица, Јакупица, Китка, а во далечина и живописниот Шарпланинскиот масив прошаран со остатоците од зимскиот снег.

Од друга страна, кањонот Матка и реката Треска нудат несекојдневна природна архитектура во која се сплотени неколку средновековни цркви и манастири низ кои ќе минат тркачите. Тие ќе го почувствуваат духовното богатство на ова место и ќе дознаат зошто Матка е едно од најпосетуваните туристички места во Македонија.

Водно-Матка Треилс е во организација на Здружението за спортови во природа ТРЕКС од Скопје, кое исто така е организатор на други популарни трки во планинско трчање во Македонија како што се Крали Марко Треилс, Охрид Ултра-Треил и Струмина Треил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...