Надал: Не можам да потврдам дека ќе играм во Монте Карло

Дваесет и двократниот грен слем шампион Рафаел Надал изјави дека не знае кога ќе се врати на теренот по повредата на колкот.

Претходно беше објавено дека ќе игра во Монте Карло.

- Не знам кој добил таква информација, но доколку е вистина, би потврдил. За жал, не можам да го направам ова. Продолжувам да се движам по мојот пат и не знам кога ќе играм повторно. Ова е вистина. Сега сум во фаза на зголемување на интензитетот на вежби. Да го знаев датумот на враќање, ќе го именував. Не можам да потврдам дека ќе играм во Монте Карло. Секојдневно ја проценуваме мојата состојба. И повеќе сакам да кажам нешто кога ќе бидам сигурен, изјави Надал за „Марка“.

Шпанскиот тенисер нема играно од 18 јануари, кога поради повреда загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија опен (4:6, 4:6, 5:7).

Мастерсот во Монте Карло ќе се одржи од 9 до 16 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...