Стојкоска и Станојоски триумфираа на Државното првенство во шах

Македонското шаховско првенство во поединечна конкуренција на кое настапија рекордни 105 учесници заврши синоќа во скопскиот хотел „Континентал“ со триумф на Звонко Станојоски во машка и неговата клупска колешка од ШК „Алкалоид“, Моника Стојкоска, во женска конкуренција.

Во машка конкуренција настапија 95 шахисти и дури деветмина од нив влегоа во последното коло со шанси за победничкиот пехар, кој на крајот го освои искусниот велемајстор Станојоски со што стана и македонски шампион за 2023.

Станојоски триумфираше пред тандемот од ШК „Гамбит АССЕКО СЕЕ“, фиде мајсторот (ФМ) Андреј Вељаноски и интернационалниот мајстор (ИМ) Никола Николовски.

Не помалку интересно беше и во женска конкуренција каде настапија 10 учеснички, а првото место и титулата државен првак ја освои (ВФМ) Моника Стојковска од ШК „Алкалоид“, пред шахистките од ШК „Гамбит АССЕКО СЕЕ“, Ивана Манова и Моника Жежовска.

Пехарите на победниците им ги додели претседателот на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), Саша Богдановиќ.

На свеченото затворање, претседателот на ШФМ му додели и плакета за особени заслуги и развој на шахот на еден од доајените на македонскиот шах Благоја Сотировски – Џагуре .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се запишале Трпе, Мали Џокица и Џемо во прво одделение. После првиот час, земале да си ги мерат пенисите.
Знаете кој имал најголем?
Џемо, зашто имал 18 години!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за заштита на животните
- Светски ден на населбите
1669.- Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн...
1787.- Роден е францускиот политичар и историчар...