Макрон: Не може да се вее руско знаме на ОИ во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска за парискиот спортски весник „Л’Екип“ изјави оти „не може да има руско знаме на Олимписките игри (ОИ) во Париз во време кога Русија извршува воени злосторства“.

- Очигледно не може да има руско знаме на Игрите во Париз, верувам дека постои консензус, бидејќи на Русија не ѝ местото на ОИ во време кога врши воени злосторства, кога депортира деца, истакна Макрон.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста ограничен број руски спортисти да настапат на Игрите во Париз, шефот на француската држава одговори:

– Се надевам дека ова е совесна одлука во олимпискиот свет. Не треба државата домаќин да одлучува што треба да прави Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Имам целосна доверба во (претседателот на МОК), Томас Бах.

Спортистите од Русија и Белорусија се соочени со санкции во многу спортови од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари лани. И покрај војната, МОК препорача дека руските и белоруските спортисти можат да се натпреваруваат под неутрално знаме на меѓународните натпреварувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...