Јапонскиот инструктор Сенсеи Коичиро Окума 7 дан утре доаѓа во Скопје

Јапонскиот инструктор Сенсеи Коичиро Окума 7 дан утре ќе допатува во Скопје. Тој во македонската престолнина доаѓа од Токио - седиштето на Јапонската Карате Асоциација.

Окума од 9-13 ноември ќе одржи карате семинар во салите на Карате клуб Работнички и Будо центарот Недеви.

- Тој исто така за сите љубители на карате спортот ќе одржи тренинг и во олимпискиот центар Јане Сандански каде ќе биде примен и од страна на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, информираат од МТКФ.

Сенсеи Окума исто така по повод 13 Ноември ќе биде гостин и на Универзитетот Скопје каде ќе биде награден од страна на Ректорот, г-дин Аце Миленковски.

Последниот ден од неговата посета Сенсеи Окума заедно со челниците на МТКФ, Венцислав и Дејан Недев ќе имаат прием и во Јапонската амбасада од страна на амбасадорот Касуја Отсука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...