Синер воздржан пред почетокот на турнирите на земјена подлога

Италијанскиот тенисер Јаник Синер стравува дека може да се соочи со проблеми за време на земјената сезона.

- Сега се наближува сезоната на земјена подлога каде што работите обично не ми успеваат. Па ќе видиме што можам да направам оваа година. Немам многу време да се адаптирам. Секако, главната цел е „Ролан Гарос“, но се обидувам да направам бавни чекори кон овој турнир. Ќе се обидам да го одиграм најдобро што е можно. Но, прво ќе одам во Рим, ова е многу важен турнир за мене. Чувството да играш пред домашна публика е секогаш неверојатно, изјави Синер.

На 31 март, Синер го освои турнирот во Мајами, победувајќи го бугарскиот претставник Григор Димитров во финалето.

На најновата АТП ранг листа, 22-годишниот италијански тенисер се искачи на второто место, престигнувајќи го Шпанецот Карлос Алкараз.

Првиот турнир на земјена подлога започна вчера, а главниот турнир, Грен слемот во Париз ќе се одржи од 20 мај до 9 јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во секс-шоп влегува бела жена и прашува:
- Колку ви е белиот вибратор?
- 40 марки.
- А црниот?
- И тој е 40 марки.
- Дајте ми го црниот, не сум имала таков до сега.
Излегува...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1514.- Во Унгарија почна селанската буна под...
1905.- Со ираде-указ на турскиот султан Абдул...
1906.- Во Осло умре Хенрик Ибзен, норвешки...
1962.- Властите во Израел соопштија дека е...