Канаѓанката Самер Мекинтош постави светски рекорд на 200 метри поединечно мешано на националното квалификациско натпреварување, објавено е на веб-страницата на Канадската пливачка федерација.
Осумнаесетгодишната атлетичарка растојанието го исплива со време 2 минути и 5,7 секунди и го надмина достигнувањето на Унгарката Катинка Хошзу, која оваа далечина ја исплива за 2 минути и 6,12 секунди на Светското првенство во Казан во август 2015 година.
На 7 јуни Канаѓанката постави и светски рекорд на 400 метри слободно (3 минути 54,18 секунди).
Мекинтош е трикратна олимписка шампионка и повеќекратна победничка на Светските првенства на долги и куси патеки.