Војдан Стојановски е број еден

Познати се најдобрите, односно кошаркарските лауреати за 2008 година. Според гласовите на дванаесет медиуми и изборот што го организираше КФМ, за најдобар кошаркар во минатата година е избран Војдан Стојановски.

Сениорскиот репрезентативец сосема заслужено го доби приматот број еден за 2008 година. Младиот талент многу брзо се проби на врвот во мак-баскетот. За само една година од младинската репрезентација се избори за место во првиот национален тим, а откако минатата година ја освои наградата за најдобар млад кошаркар, сега веќе го има она што многумина го посакуваат, најдобар меѓу најдобрите.

Играчот на Амак СП беше лидер во својот тим. Им помогна на охриѓани за брзо време да се пробијат, поточно да се вратат на кошаркарската мапа, а за тоа говори фактот што минатата сезона успеаја да стигнат до плеј-офот и првенството да го завршат на третото место.

Наградата за најдобар млад кошаркар по втор пат оди во рацете на Александар Костоски. Капитенот на младинската репрезентација го доби истото признание и пред две години.

Нашиот "странец" за 2008 година е никој друг, туку Тодор Гечевски. За капитенот на Задар и нашиот репрезентативен центар ова е четврта награда.

Зад искусниот Гец се многу титули во Хрватското првенство, минатата година неговиот Задар ја освои двојната титула, а имаше солиден настап во НЛБ лигата, како и во УЛЕБ Купот. Инаку во конкуренција со репрезентативецот се најде и Владо Илиевски.

Најдобриот стратег за изминатата година е Емил Рајковиќ. Младиот тренер на Фени Индустри ги освои сите гласови од медиумите.

Двојната круна, како успешниот настап со младинската репрезентација беа доволни за да некогашниот кошаркар, а сегашен тренер се закити со првото признание од седмата сила.

"Најжешка" беше борбата во категоријата најдобар млад тренер. Победи стратегот на Овче Поле, Ангел Љутков, кој со шест гласа го "претрка" Слободан Петровски (доби пет гласа).

Љутков важи за тренер кој покрај тоа што работи добро со првиот тим, истовремено со младите деца под "20" години засега е на првото место на табелата во оваа категорија.

Признанијата на најдобрите ќе им бидат врачени во сабота, за време на традиционалниот Ол-стар натпревар во Свети Николе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...