Металург го претставува Червар

Актуелниот вицепрвак, екипата на Металург, вчера означи старт на подготовките за наредната сезона во која цел во првенството ќе биде шампионската титула, во куп натпреварувањето исто така.

На првата прозивка на ракометарите, која ја водеше постоечкиот тренерски тим, присуствуваа сите играчи освен новото засилување, српскиот интернационалец Божидар Маркичевиќ. Тој пред два дена доби син, а од клубот доби дозвола да остане дома еден ден плус. Денеска, како и да е, ќе мора да биде на тренингот закажан вечерва.

Своите планови, амбиции, размислувања и слично Металург ќе ги истакне пред јавноста денеска.

На пладне, во скопскиот хотел "Александар Палас" ќе биде организирана прес-конференција на која официјално ќе биде претставен новиот шеф на стручниот штаб на Металург, хрватскиот селектор Лино Червар. Беше предвидено тој во Скопје да пристигне синоќа, денеска веќе ќе биде во новата улога.

Со тоа и официјално ќе биде ставен крај на сите шпекулации околу неговото доаѓање во Македонија.

Повеќе од еден месец откако првпат јавно беше обелоденето дека постои можност Лино Червар да го преземе Металург се чекаше овој момент. Иако повеќе-помалку се знаеше дека тој ќе биде новиот тренер, со оглед на тоа дека досега јавно немаше потврдено од негова страна, а и од Металург беа прилично резервирани, почна да се јавува и "сомнеж" дека сето тоа ќе биде остварено и таквите "муабети" почнаа да добиваат на интензитет како минуваше времето, а немаше нови моменти.

Денеска, како и да е, ќе биде ставен крај на шпекулациите, а за првпат сезонава на прес-конференција оди Металург. Како ќе изгледа работата на Червар, како ќе го реорганизира тренерскиот тим, па до конечниот изглед на играчкиот кадар и деталниот план на подготовки ќе може да се чуе денеска.

Новиот шеф на стручниот тим на Металург пред играчите ќе се појави на вечерниот тренинг, кој ќе се одржи во салата "Форца" со што и официјално ќе биде означен старт на неговото работење во македонскиот вицепрвак.

Металург во Скопје ќе се загрева до 5 август, ден подоцна почнуваат вистинските подготовки. Екипата ќе патува во Словенија, која стана омилена дестинација на сите поголеми ракометни клубови, па така таму во периодот ќе можат да се најдат и Загреб, Партизан, Босна итн.

Металург во план има потцртано пет контролни натпревари, сите со словенечки екипи, но стои можност и да има мала измена на тој план. Во Македонија се враќа на 18 август, по што се ќе зависи од плановите на новиот главен тренер. Во екипата останува и постојниот тренерски тим.

Доаѓањето на Лино Червар на кормилото на Металург сигурно ќе донесе промени во македонскиот ракомет, на добро. Какви и во која мерка ќе покаже времето, но да се има на клупата тренер кој во џебот има златни медали од светски првенства, олимписки игри сигурно не е мала работа.

Од посебна важност тоа ќе биде за помладите играчи кои допрва треба да се докажуваат, а и севкупно за внатрешната организацијата на клубот и тренерскиот тим.

Со ова и првенството на Македонија, во кое има само еден вистински момент за одбележување, станува далеку поинтересно отколку ланското. Вардар против Металург, Веселин Вујовиќ против Лино Червар. Двата тима се силни, по слободна проценка посилни од лани, останува да се чека 8 август, денот кога ќе бидат познати точните датуми на одигрување на првенствените натпревари меѓу двата најсилни македонски тима.

Годинава, кога во македонското првенство ќе работат споменатите две и тоа како познати ракометни имиња, можеби конечно ќе заживее и тренерската организација. Таа е една од најслабите алки во синџирот на РФМ, на која очајно & е потребно да почне да го враќа загубеното достоинство и да ја замени улогата на "гласачка машина" со добро средена организација која ќе ги штити интересите на ракометните тренери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...