Нема друга опција освен прво место

Македонскиот сениорски тим последните два тренинга пред стартот на квалификациите ќе ги одработи во салата каде што ќе се играат натпревари, во Адана.

Машкиот тим вчера отпатува за Адана, а на 15 месецов ќе го има првиот квалификациски тест од новиот циклус. Литванија е противник на македонскиот состав, ден подоцна силите ќе ги одмериме со организаторот на групата, репрезентацијата на Турција.

Новоизбраниот селектор Љубомир Савевски нема да го има на располагање идеалниот тим, но ги има клучните играчи и состав со кој има само една опција - првото место и пласман во финалните квалификации.

Од играчите кои ги посакуваше, Савевски нема да ги има Димовски, Ѓоргоноски, Стојановиќ, Ангелов, Ангеловски, Пецаковски...

Ако малку подлабоко се анализира, ќе видиме дека овој состав е многу сличен на тимот кој играше на Светското првенство во Хрватска. Брестовац или Митревски место Ангелов, Златко Мојсоски и Милан Левов место Александар Јовиќ и Гоце Георгиевски и Стојан Стоилов и Левко Наумоски место Горан Ѓоргоноски и Ванчо Димовски.

Позициите кои ја креираат играта, бековската линија, останува сосема исти. Стоилов, Маркоски, Филип и Кирил Лазаров, Миркуловски и Мојсоски. Сето тоа минус Макалоски.

"Тие повреди ќе се одразат малку на нашиот тим. Гледавме доста снимки од натпревари на Литванија и на Турција и мислам дека добро ќе бидеме подготвени за тие два натпревари. Ние имаме подобар рејтинг од двата противника, но доколку си дозволиме луксуз да ги потцениме, тогаш ќе имаат и тие свои шанси. Ако одиграме максимални сто насто, така како што знаеме во одбраната и стрпливо во нападот, би требало да се пласираме. Но, сепак, со доза на резерва и со доза на внимателност ќе патуваме за Адана. Ќе се обидеме на двата тренинга кои ќе ги имаме таму да ги довршиме работите кои ги работиме овде. Што треба да се игра во напад, што во одбрана и мислам дека 100 насто подготвени ќе го дочекаме стартот на квалификациите. Се надевам дека в недела од Адана ќе се вратиме како победници", изјави најискусниот репрезентативец Стевче Алушевски.

Со ваков состав Македонија сосема успешно парираше на европските велесили, да не споменуваме дека ги победивме Русија, Полска и Јужна Кореја.

Литванија и Турција не би требало да бидат пречка пред која би потклекнал овој тим, посебно затоа што и самите играчи знаат колку штетно би се одразило на нив самите да ги нема во ниту една комбинација до наредните квалификации, плус пад на рејтингот (што носи потешки противници во следниот циклус) итн. Токму на ова и се темели комплетната внимателност во изјавите на македонските играчи. Влогот е голем, улогата на фаворит носи притисок кој не би требало, односно смеело да е проблем. Едноставно, треба таму, во Адана, да се одигра на ниво и да се потврди тоа што сите го знаеме - дека Македонија има посилен ракометен тим од Литванија и Турција.

Литванците имаат тим кој на овие квалификации нема што да загуби. Релативно непознат тим на легионери кои главно печалат во послабите и просечните шпански клубови.

Нивните голмани се нивното најсилно оружје и најубаво би било Македонија на овој меч посебно внимание да обрне на својата одбрана за да овозможи ситуација да се постигнуваат лесни голови и да се неутрализираат нивните чувари на мрежата.

Турција е веќе познат тим, играат помалку диво, недостигот од техничка-тактичка природа се обидуваат да го надополнат со инспирација. Многу лесно паѓаат доколку противникот им направи разлика, но никако не смее да се дозволи да се растрчаат да го подигнат нивото на играње на тензичност, на еуфоричност. Доколку се игра бавно, доколку се држи топката колку што е можно повеќе во посед, тогаш нема ни да можат да ја направат хаотична играта, што, секако, им одговара како домаќини, бонус во таква (бавна) игра се гледа секој фаул, се гледа евентуална груба игра и тие не би можеле да профитираат од домашниот терен на начин на кој секако би посакувале.

Македонија има одбрана која може да го одигра тоа што треба со Литванија и со Турција, а нападот во кој се Кирил Лазаров и Наум Мојсоски, не би требало да има проблем со дефанзивните формации на овие два тима. Единствено што би можело да ги спречи нашите играчи во своите намери се тие самите. Не бидат ли на вистинско ниво, не ја задржат ли концентрацијата и дисциплината во играта, ќе им дадат можност на противниците да ја видат и бркаат својата шанса, а тогаш е многу потешко да се игра и секој резултат би бил можен.

Судиите се од Германија и штом не се викаат Мете и Мете, тогаш нема премногу причини да се сомнева дека нема да биде се како што треба. Тоа што Турците побараа нереална сума за ТВ пренос, може да се протолкува дека не сакаат сигналот да дојде до македонските гледачи, што барем кај нас се практикува кога нешто не треба да се види. Не мора да значи, но внимателност во овој поглед никогаш не е вишок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...