Победа за чекор до бараж

Денеска, со почеток во 15 часот (16 по локално) репрезентацијата на Македонија ќе го има првиот чекор на патот кон бараж за Светското првенство во Шведска во 2011 година. Во Адана, Турција, противник на македонските репрезентативци ќе биде селекцијата на Литванија, која ќе биде показател за можностите во овие квалификации.

И покрај тоа што Савевски не можеше да смета на сите ракометари на кои планираше во овие квалификации оптимизмот не е намален. Пред заминувањето беше кажано дека во овие дуели ќе се влезе со ладни глави и дека и двата противника се респектираат максимално така што се ќе биде во најдобар ред.

"Сите ракометари се чувствуваат одлично и се подготвени за она што претстои денеска и утре во Адана. Атмосферата е одлична и се е насочено кон тоа како да се добијат двата меча и да се обезбеди пласман во баражот", информираше генералниот секретар Марјан Начевски, кој на овие квалификации е задолжен за техничкиот дел.

Македонија се наоѓа во најнезгодна положба од сите селекции бидејќи нема да може да ги види на дело противниците и да игра против нив. Денеска се излегува на терен против Литванија без да се види на дело ривалот. Тоа и не е некој голем проблем бидејќи на почетокот на средбата ќе се види силата на Литванците, а доколку ја прикажат играта од дуелите со Белорусија не би требало да биде проблем бидејќи овие дуели веќе се анализирани и за тоа ќе има против игра.

Ќе биде тешко сигурно и утре кога се игра против Турција, селекција која ќе може да ги следи противниците денеска, па потоа да игра против нив.

Сепак, и покрај се денеска се очекува Македонија да прикаже игра како што следевме и минатиот јануари на Мундијалот во Хрватска. И тогаш се играше на туѓ терен, а беше прикажана игра во која се влегува со многу голем мотив. Се играше со срце, со голема желба и тоа носеше резултати. Нема причина зошто да не биде и сега вака и да не се прикаже најдоброто на теренот.

Селекцијата на Литванија нема завршено на некое првенство уште од 1998 година. Многу често не успева да ги мине квалификациите, а последните за Европското првенство во Австрија не ги минаа откако загубија во групата во која беа Шпанија и Украина. Имаа просечни изданија против Холандија, па за очекување е да нема големи промени и сега.

Реално гледано, Македонија е посилна од Литванија кога ќе се земат предвид играчите на позиции. Пред се Македонија е во предност на бековските позиции, но и на крилните. Сето ова би требало да биде доволна предност за да се дојде до позитивен резултат на денешниот дуел доколку се одигра според договореното. Се спроведе ли сето она што ќе се договори пред средбата, тогаш не би требало да има причина за стравување и за очекување е денеска да се стартува со позитивен резултат во овие квалификации и се да оди кон кревање на атмосферата на уште повисоко ниво пред утрешниот втор дуел кога може да биде одлучено прашањето за победникот во групата 7, а со тоа и патникот во баражот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...