Ракометарките на Металург умерени пред натпреварот

Женската ракометна екипа на Металург Скопје во полуфиналето од Челинџ купот ќе се сретне со германскиот претставник Букстехудер. Во таборот на лидерот во македонското првенство сите се согласни дека апсолутен фаворит за пласман во големото финале се Германките.

Капитенот Тања Андреева задоволна од досегашните резултати на евро-сцената, но разочарана од исходот на жрепката. - За наша несреќа во оваа фаза од натпреварувањето го добивме најтешкиот можен противник. Ние ќе дадеме се од себе за да стигнеме до поволен резултат. Досегашните резултати се голем успех, а нивната тежина е уште поголема ако се има предвид дека се направени само со македонски ракометарки без странски засилувања, истакна Андреева на денешната прес-конференција пред првиот полуфинален дуел.

Голем хендикеп за Металург ќе биде и повредата на најефикасниот нивни играч Мирјата Бајрамовска. Неизвесен е нејзиниот настап на натпреварот во Скопје, но се очекува сигурно да биде во составот за реваншот во Германија.

- Фактот што Букстехудер доаѓа од Бундес лигата која е една од најсилните лиги во Европа кажува за нивниот квалитет. Ние немаме што да изгубиме и со самиот пласман меѓу четирите најдобри во Челинџ купот го постигнавме најголемиот клупски успех. Ќе се обидеме со квалитетна игра да се претставиме во добро издание, а по можност и да изненадиме. Неизвесно е дали ќе настапам во сабота, но се надевам за реваншот дека ќе бидам подготвена, изјави Бајрамовска.

Тренерот Крсто Петрушевски се осврна на досегашното постигнување на клубот. Тој ги нагласи успесите и на домашната и на европската сцена.

- Кога пред 7-8 месеци се создаваше екипата плановите беа да се освои двојната титула во домашното првенство и да се помине едно коло во европските купови. Во македонската лига сме лидери и на прав пат да ја освоиме титулата, а верувам и купот. На евро-сцената не само едно туку поминавме три кола. Тоа е голем успех за една млада екипа составена само од домашни играчи кој не треба да се заборави и кој ни дава мотиви за понатамошна работа.

Металург Скопје, како што рече Петрушевски, има проект за една подобра и посилна екипа за иднина. За натпреварот со Букстехудер и тој како и играчите им дава поголеми шанси на противничките ракометарки. - Кога веќе сме дојдени до степен да ги прогласиме Германките за фаворитки ние имаме само една обврска да одиграме максимално ангажирано, коректно и борбено и резултатот нека биде каков што ќе биде, додаде тренерот на Металург.

Првиот полуфинален дуел од Челинџ купот меѓу Металург Скопје и Букстехудер ќе се одигра в сабота во салата „Автокоманда“ со почеток од 18 часот.
Реваншот е седум дена подоцна во Букстехуде.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...