Федерер се врати од бездната!

Да, тоа беше Рожер Федерер на Вимблдон, иако понекогаш не изгледаше така. Швајцарскиот шампион избегна пораз откако преживуваше против Колумбиецот Алехандро Фаља кој го имаше тенисот на својот живот. Се очекуваше Фаља да биде "топовско месо", партнер за неколку добри удари пред првиот носител да се фати сериозно со обидот да стигне до израмнување на рекордот од седум титули на Вимблдон, но наместо тоа бевме на чекор на едно од најголемите изненадувања во историјата на славниот турнир.

Речиси 15.000 среќни носители на билети се собраа да го видат првиот меч на Федерер и не им се веруваше кога 60-рангираниот Фаља фуриозно ги зеде првите два сета и сервираше за победа во четвртиот. Резултатот на крај беше 5:7/4:6/6:4/7:6/6:0, но долго време во овој меч се очекуваше да следува проверка дали тоа е Федерер на теренот. Трите двојни сервис грешки во еден одлучувачки гем и лошиот форхед во текот на целиот меч само покажуваат колку Федерер се мачеше, но тоа не би било фер кон 26-годишниот Фаља, кој играше со храброст и моќ се до последниот сет. 16-кратниот гренд слем шампион Федерер има само еден пораз на Вимблдон од 2002.

"Дефинитивно имав многу среќа на теренот. Загубив многу мечеви оваа година кои требаше да ги добијам, но овој требаше да го загубам иако го добив. Но, тенисот на трева понекогаш функционира така", изјави видно потресениот Федерер по мечот.

Фаља, кој судијата на столче упорно го изговараше Фајр (оган на англиски), во кариерата немаше освоено сет против Федерер, вклучувајќи го мечот на Францускиот Опен минатиот месец и на Вимблдон во 2004 кога освои само три гема. Откако ги освои првите два сета, Колумбиецот доби масажа од тренерот на левата нога, но вистинскиот пад се случи кога сервираше за победа при 5:4 во четвртиот сет, правејќи лоши грешки, пред да се повлече во последниот сет. Фаља вели дека бил изненаден кога видел дека повторно мора да игра со Федерер на Вимблдон.

"Да, сите сакаат да играат со Федерер, но трипати во еден месец е навистина премногу", се пошегува Колумбиецот.

КЛАЈСТЕРС СЕ ВРАТИ СО ПОБЕДА, СКИЈАВОНЕ ДОМА!

На Ким Клајстерс пак и требаа само неколку минути да се почувствува како дома на Вимблдон по 4 години отсуство, откако со 6:0/6:3 ја "збриша" Италијанката Марија Елена Камерин. Двократната полуфиналистка на Ол Ингланд Клубот играше на Теренот број 2 за дуелот со 120-рангираната противничка.

"Бев нервозна и возбудена што сум повторно на теренот. Искрено, едвај го најдов теренот број 2, и морав да ги прашам чуварите на теренот за насока", вели 27-годишната Клајстерс, која го спореди враќањето како одење на дете во училиште по годишен одмор.

Толку среќа немаше шампионката од Францускиот Опен, Франческа Скијавоне, која загуби од Русинката Вера Душевина со 6:7/7:5/6:1 во меч кој траеше речиси три часа. Скијавоне, која лани стигна до 1/4 финалето во Лондон, направи 38 неизнудени грешки и се мачеше со својот сервис во последниот сет, само две недели откако стана првата италијанска гренд слем шампионка во 126-годишната историја на големите турнири.

РОДИК ЕКСПРЕСНО, ДАВИДЕНКО МАРАТОНСКИ

Минатогодишниот финалист, Енди Родик го совлада американскиот сонародник Раџив Рам во три сета за пласман во второто коло. Родик, кој лани загуби со 16:14 во финалето во маратонскиот петти сет од Рожер Федерер, го совлада 92-рангираниот Рам со 6:3/6:2/6:2 во меч во кој направи само 10 неизнудени грешки.

Русинот Николај Давиденко се врати од два сета негатива за со 3:6/6:7/7:6/7:5/9:7 да го совлада Јужноафриканецот Кевин Андерсон во меч од над 4 часа. Седмиот носител, кој се врати на тенисот пред овој турнир по повредата на зглобот се мачеше во првите два сета, откако загуби во првото коло на Вимблдон пет пати во осум посети.

Највисок носител кој загуби во првото коло, беше Хрватот Марин Чилиќ, кој во изненадувачки три сета загуби од Германецот Флоријан Маер. 21-годишниот 11. носител Чилиќ стигна до 1/2 финалето на Австралискиот Опен во јануари, но победи само на еден меч на Квинс Клаб и загуби со 6:2/6:4/7:6 од светскиот рекет број 59.

РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО)

ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ - ЛОНДОН, 12.550.000 ФУНТИ

МАЖИ

(1) Федерер - Фаља 5:7/4:6/6:4/7:6(7:1)/6:0

(3) Ѓоковиќ - О.Рошу

(5) Родик - Рам 6:3/6:2/6:2

(7) Давиденко - Андерсон 3:6/6:7(3:7)/7:6(7:3)/7:5/9:7

Ф.Маер - (11) Чилиќ 6:2/6:4/7:6(7:1)

(12) Бердих - Голубев 7:6(7:5)/6:2/6:2

(15) Хјуит - М.Гонзалез

(16) Мелцер - Браун 6:3/4:6/6:2/6:3

Пржисиезни - (17) Љубичиќ 7:5/7:6(7:5)/6:3

Истомин - (20) Вавринка 6:7(5:7)/6:1/2:6/7:6(7:4)/6:3

(21) Монфис - Л.Маер 6:1/7:6(11:9)/6:2

(22) Ф.Лопез - Левајн 7:6(7:2)/3:6/6:2/6:3

(28) Монтањес - Лоренци 6:3/7:6(7:5)/6:2

(29) Колшрајбер - Стараче

Лучак - (30) Робредо 2:6/7:6(7:3)/6:2/7:5

(31) Ханеску - Кузнецов 6:7(4:7)/7:6(7:3)/6:3/1:6/7:5

Фиш - Томич 6:3/7:6(10:8)/6:2

Бозољац - Масу 7:6(7:3)/3:6/6:3/7:6(9:7)

Троицки - Куницин 6:3/6:4/6:1

Дент - Чела 6:3/6:7(2:7)/7:6(7:3)/7:5

Лодра - Витен 6:4/6:4/6:7(5:7)/6:3

Бек - Вентура 6:3/6:1/4:6/6:2

Габашвили - Делгадо 2:6/6:4/6:4/6:2

Брандс - Андреев 7:6(7:5)/7:6(7:4)/7:5

Королев - Шванк 6:1/7:6(10:8)/4:6/6:2

Лу - Цебаљос 7:5/6:4/6:3

Шутлер - Турсунов 6:2/6:2/6:3

Бекер - Свитинг 5:7/6:2/6:2/6:4

Еванс - Хута Галунг 6:3/7:6(14:12)/6:3

Клеман - Типсаревиќ 6:3/3:6/6:4/7:5

Беранкис - Бол 6:2/6:0/3:6/7:6(7:5)

Илхан - Даниел 6:7(4:7)/4:6/6:2/6:3/6:1

ЖЕНИ

(2) В.Вилијамс - Де Лос Риос

(4) Јанковиќ - Робсон 6:3/7:6(7:5)

Душевина - (5) Скијавоне 6:7(0:7)/7:5/6:1

(8) Клајстерс - Камерин 6:0/6:3

(11) Бартоли - Гергес 6:4/6:3

(12) Петрова - Малек 6:4/6:3

(13) Пеер - Ивановиќ

(15) Викмаер - Риски 6:4/5:7/6:3

(17) Анен - Севастова 6:4/6:3

(21) Звонарева - Лагостера Вивес 6:4/6:1

(26) Клејбанова - С.Захлавова 6:2/6:3

(27) Кириленко - Фегеле 2:6/6:4/7:5

(28) А.Бондаренко - О'Брајан

(30) Шведова - Херцог 6:1/6:4

(33) Удин - Гренефелд 6:3/6:0

(34) К.Бондаренко - Арн

Куликова - Саут 6:1/6:2

Пиронкова - Лапушченкова 6:0/7:6(9:7)

Кербер - Мирза 6:4/6:1

Чен - Шнидер 6:0/6:2

Кудрјавцева - Арвидсон 6:4/6:1

Возниак - Данилиду 7:5/7:5

Макарова - Шавај

Лепченко - Храдецка 6:4/7:5

Грот - Ворачова 6:4/6:3

Мартиќ - Балтача 2:6/7:5/6:3

Хлавацкова - Лертчивакарн 6:3/6:2

Пери - Јакимова 6:2/4:6/9:7

Шпрем - Матек-Сендс 6:3/6:4

Молик - Кучова 6:2/7:5

Флипкенс - Дубоа 6:4/6:4

Бароис - Корицева 6:3/6:4

АТП РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Рафаел Надал (Шпа) 8.745

2.(-) Рожер Федерер (Шва) 8.525

3.(-) Новак Ѓоковиќ (Срб) 6.545

4.(-) Енди Мареј (Бри) 5.155

5.(-) Николај Давиденко (Рус) 4.785

6.(-) Робин Содерлинг (Шва) 4.755

7.(-) Енди Родик (САД) 4.510

8.(-) Хуан Мартин Дел Потро (Арг) 4.395

9.(-) Фернандо Вердаско (Шпа) 3.645

10.(-) Жо-Вилфрид Цонга (Фра) 3.185

11.(-) Давид Ферер (Шпа) 3.010

12.(-) Марин Чилиќ (Хрв) 2.945

13.(-) Томаш Бердих (Чеш) 2.825

14.(-) Михаил Јужни (Рус) 2.665

15.(-) Иван Љубичиќ (Хрв) 2.190

16.(-) Јирген Мелцер (Авт) 2.125

17.(-) Хуан Карлос Фереро (Шпа) 2.095

18.(-) Николас Алмагро (Шпа) 1.960

19.(-) Џон Изнер (САД) 1.925

20.(-) Гаел Монфис (Фра) 1.905

ВТА РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Серена Вилијамс (САД) 8.475

2.(-) Венус Вилијамс (САД) 6.506

3.(+1) Јелена Јанковиќ (Срб) 5.780

4.(-1) Каролине Возниацки (Дан) 5.630

5.(-) Елена Дементиева (Рус) 5.570

6.(+1) Саманта Стосур (Авс) 5.045

7.(-1) Франческа Скијавоне (Ита) 4.920

8.(+1) Ким Клајстерс (Бел) 4.010

9.(-1) Агниешка Радванска (Пол) 3.950

10.(+1) Флавија Пенета (Ита) 3.450

11.(+4) Викторија Азаренка (Блр) 3.430

12.(-2) Ли На (Кин) 3.416

13.(-1) Марион Бартоли (Фра) 3.246

14.(-1) Надја Петрова (Рус) 3.195

15.(-1) Шахар Пеер (Изр) 3.175

16.(+2) Жастин Анен (Бел) 3.135

17.(-) Марија Шарапова (Рус) 3.080

18.(-2) Јанина Викмаер (Бел) 2.980

19.(+1) Светлана Кузнецова (Рус) 2.940

20.(-1) Араване Резаи (Фра) 2.825


Кратко траеше јамајканската авантура

Дастин Браун, првиот Јамајканец кој играл на Вимблдон по 40 години, имаше солидна одбрана пред со 6:3/4:6/6:2/6:3 да загуби од 16. носител, Австриецот Јирген Мелцер во првото коло. Браун призна дека се искарал со Јамајканската Тениска Федерација и дека сега сака да игра за Британија во Дејвис Купот.

"Ми требаат повеќе мечеви против вакви момци за да добијам фокус. Ако Британија е заинтересирана треба да пристапи кон мене. Јамајканците не ми даваат ниту средства, ниту тренери, а не помага ни тоа што со електронска порака ми ја честитаа вајлд-картата на Вимблдон", вели 25-годишниот Јамајканец.

Ѕвездите подготвени за кралицата

Енди Мареј не е сигурен дали треба да се поклони или не, но Серена Вилијамс не ризикува - таа веќе ги вежба сите потребни церемонии на Вимблдон пред доаѓањето на Кралицата Елизабета Втора, чиј омилен спорт секогаш бил трките на коњи, но го посетува Вимблдон првпат по 1977 година.

"Тоа е навистина кул. Работев на моите однесувања. Малку е екстремно, но ќе морам да се посоветувам", вели Вилијамс.

Мареј не знае каква е етиката на однесување.

"Не сакам да се поклонам, а личноста со која играм да помине од другата страна. Мора да има договор за тоа", вели Шкотланѓанецот.

Британија, земјата која го измисли тенисот и е домаќин на најгламурозниот турнир, нема успех на Вимблдон во сингл од славните денови на Фред Пери во 1930-тите, а последната женска титула дојде токму во 1977 кога Вирџинија Вејд ја освои титулата. Првата кралска посета на Вимблдон е во 1895 година кога принцезата Стефанија од Австрија гледаше меч во двојки. Пред да стане крал, Џорџ Шести дури се натпреваруваше во 1926 година, кога заедно со Луис Греиг загубија во првото коло. Принцезата Дајана беше гостинка на финалето во 1981 година кога Џон Мекинро го совлада Бјорн Борг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...