Србија е првиот полуфиналист на одбојкарскиот Мундијал

Репрезентацијата на Србија е првата која обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во одбојка кое се одржува во Италија.

Србите во Фиренца, во рамките од 2.коло на четвртфиналната група „П“, ја совладаа селекцијата на Русија со 3:1 (28:26; 17:25; 25:21; 27:25) во сетови. За Србија ова беше втора победа во групата со која го обезбеди првото место, а со тоа и пласман во полуфиналето на СП, па денешниот натпревар меѓу Русија и Аргентина ќе одлучи која од овие две селекции ќе се бори за пласман од петто до осмо место, а која од деветто до 12.место.

Неизвесен натпревар во Рим одиграа домаќинот на шампионатот Италија и селекцијата на САД. Со победата од 3:1 во сетови (14:25; 25:23; 25:21; 27:25) Италија ги задржа шансите за полуфинале, а со тоа и амбициите за златниот медал. Денес во рамките на групата „О“ во борбата за првото место играат Франција и Италија.

Слична е ситуацијата и во преостанатите две групи.

Откако синоќа во групата „С“ Куба ја победи Шпанија со 3:1 (25:22; 15:25; 25:22; 25:22), денес Кубанците во меѓусебен дуел со Бугарија решаваат за првото место во групата.

Во последната четвртфинална група „Р“, Германија синоќа славеше победа над Чешка со максимални 3:0 (25:23; 25:18; 25:13). Германците за место меѓу четирите најдобри на Мундијалот денеска ќе се борат со Бразил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...