Червар повика на голема борбеност и дисциплина

Хрватскиот тренер на клупата на Металург, Лино Червар на денешната прес-конференција ги повика неговите играчи на голема борбеност и пожртвуваност во одбраната и стрплива и дисциплинирана игра во нападот со цел надоместување на петте голови негатива од првиот натпревар во Купот на ЕХФ со Мешков Брест во Белорусија.

- Ќе биде многу тешко да ја анулираме нивната предност од првиот натпревар. За да стигнеме до успехот главната улога треба да ја одигра одбраната. Ниту една голема победа во ракометот не може да се оствари без темелот во играта, а тоа е одбраната. Очекувам моите играчи да го „остават“ срцето на теренот. Нема да брзаме и чекор по чекор, односно гол по гол ќе се обидеме да ја неутрализираме предноста на противникот, истакна тренерот на „металурзите“.

Червар се осврна и на белорускиот противник. Според него, екипата на Мешков Брест е солидна со добри играчи на сите позиции. Главната опасност тренерот на Металург ја очекува од организаторот на играта на Брест, од левиот бек и од пивотот. Со спречување на полуконтрите и контрите на Белорусите, за Червар голем дел од работата ќе биде завршена.

Со констатацијата на шефот на Стручниот штаб се согласија и капитенот Ванчо Димовски, Наум Мојсоски и Гоце Ѓорѓиевски. Тројцата играчи на македонскиот шампион посакаа да го сопрат противникот на 23-24 голови и со добра реализација да успеат да слават победа од 7-8 голови разлика. Играчите упатија повик до своите навивачи да им помогнат во борбата за пласман во следната фаза од ова натпреварување.

Првиот натпревар Мешков Брест го доби со 28:23. Реваншот е закажан за в сабота со почеток во 18 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје. Влезот ќе биде слободен.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) доцна синоќа го извести скопскиот клуб дека жалбата за првиот натпревар им се уважува, но мечот ќе биде регистриран со постигнатиот резултат со тоа што домаќинот ќе плати казна од 5.000 евра.

Ваквата одлука од Металург ја оценија како скандалозна, бесмислена и смешна.

Металург се жалеше поради тоа што делегатот на првиот натпревар во Мешков им дозволи на домаќините наместо предвидените 14 во составот да се појават 16 играчи. Во ЕХФ купот според постоечките прописи во тимот смеат да се појават најмногу 14 играчи.

Освен тоа, ЕХФ одлучи натпреварот во „Автокоманда“ да го прогласи за високоризичен и да испрати дополнителен делегат - супервизор кој ќе поднесе извештај околу организацијата и текот на мечот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...