Ѕвонко Шундовски за в.д. селектор на македонската ракометна репрезентација

Скопје, 19 октомври 2010 (МИА) - Актуелниот тренер на ракометниот клуб Пелистер Ѕвонко Шундовски е назначен за вршител на должноста селектор на ракометната репрезентација на Македонија.

Само неколку часа по оставката на Љубомир Савевски раководните луѓе на Ракометната федерација во договор со членовите на Управниот одбор, одлучија Шундовски да продолжи со подготовките на репрезентацијата и да го предводи националниот тим на натпреварите во квалификациите со Естонија и со Босна и Херцеговина на крајот од месецов.

Ѕвонко Шундовски беше тренер на репрезентацијата на Светското првенство во Хрватска во 2009 година кога селектор беше Илија Темелковски.

Се очекува тренерот на Пелистер од Битола попладнево да пристигне во Скопје и да го води вечерашниот тренинг на репрезентацијата на Македонија кој е закажан за 17 часот и 30 минути.

Македонските репрезентативци утре во 7 часот треба да заминат за Романија каде ќе настапат на турнирот „Трофеј Карпати“ кој претставува последен тест за формата пред почетокот на квалификациите за Европското првенство 2012 година во Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...