Најважно е да победиме

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров повика на максимално ангажирање на неговите соиграчи на утрешниот дуел против Естонија за остварување на победа, па макар и минимална со еден гол разлика.

- Чекор по чекор треба да одиме низ евро-квалификациите. Големо значење се дава на натпреварот со Босна и Херцеговина, но мислам дека поголеми проблеми ќе имаме со Естонија, поради императивот победа кој претставува голем психолошки товар за нас. Во Сараево ќе бидеме растоварени и помотивирани, па во такви околности е полесно да се игра. Оваа репрезентација покажала дека може да направи добар резултат. Имаме квалитет и доколку сме свесни за тоа можеме да стигнеме до целта. Жрепката ни беше наклонета, бидејќи можевме да добиеме и многу потешки противници. Треба да направиме добра атмосфера и со голема посветеност да се пласираме на еврошампионатот кој ќе се игра во Србија, што е предуслов голем број македонски навивачи да не бодрат на тие натпревари, изјави Лазаров на денешната прес конференција.

Најдобриот македонски ракометар се осврна и на случувањата околу селекторското место и случувањата во репрезентацијата кои го нарушија текот на подготовките и ја влошија атмосферата во репрезентативниот табор.

- Не е најважно кој е селектор. Репрезентацијата треба да биде над се. Ние нашиот леб го заработуваме од нашите клубови, а за репрезентацијата играме поради обврската кон нашата родена земја и кон навивачите. Во минатото доведувавме скапи тренери од странство, а немавме успеси. Пример за тоа е и еден од моите омилени тренери кој многу го почитувам, Лино Червар за кој треба да се запрашаме што направи тој за време на својот престој во Македонија. Дали направи некој млад тренер и дали одржал семинар. Ист е и случајот со Веселин Вујовиќ, Зоран Живковиќ, Драган Ѓукиќ. За разлика од нив со Илија Темелковски отидовме на Светско првенство, победувајќи многу силни репрезентации. За тоа повикувам на обединување и почит меѓу нас Македонците и со срце да играме за Македонија која треба да ни биде над се, истакна Лазаров.

В.д. селекторот Ѕвонко Шундовски информираше за текот на подготовките и очекувањата од натпреварите. - Сите играчи се подготвени за настап на овие дуели, освен голманот Петар Ангелов кој е повреден. Атмосферата меѓу играчите е одлична и е високо ниво. Концентрирани сме на претстојните натпревари и се тече во најдобар ред, рече Шундовски.

Македонија на почетокот на квалификациските утре во Скопје игра со Естонија, а в недела во Сараево и гостува на Босна и Херцеговина. Во квалификациската група 1 се наоѓа уште и репрезентацијата на Унгарија. Пласман на Европското првенство 2012 година ќе се одржи во Србија ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...