Естонија е прва на менито

Денеска со дуелот меѓу Македонија и Естонија стартува новиот квалификациски циклус на ЕХФ за место на континенталниот шампионат кој 2012 година ќе се одржи во нашето соседство, во Србија.

Македонија е во групата "А", заедно со репрезентациите на Естонија, БиХ и на Унгарија. Две репрезентации обезбедуваат пласман на Европското првенство.

Македонскиот државен тим во квалификациите влегува директно од турбуленции кои веќе станаа репрезентативен фолклор. Смена на селектор, хроничен недостиг на внимание традиционален на опрема итн.

Но, се што било денеска се става во фасцикла и треба да си го најде своето место во некоја фиока и да се отвори сосема нова страница на која место ќе има исклучиво за тоа што ќе се случува почнувајќи од денеска, 17:15 часот, во "Кале" кога почнува средбата со естонскиот тим.

Добро во целата ситуација е што овој пат се чини дека репрезентацијата е психолошки зрела и изгледа подготвена да се соочи со предизвиците. Со доаѓањето на Шундовски на местото на Савевски се смени комплетната клима во националниот тим, селекторот има полна поддршка, но играчите се тие кои ќе го носат товарот на свои плеќи. Се ова што претходеше направи и тие да преземат поголема одговорност. Доволно се возрасни и доволно искусни за да му погледнат на предизвикот во очи без да ја наведнат главата.

Како ќе го изведат тоа, ќе видиме денеска, стартувајќи од најслабата алка во нашата квалификациска група, Естонија.

Противникот е добро познат, тоа е екипа која двапати (ин)директно не исфрлила од квалификации. Македонија лесно излегува со Естонија дома, но досега ги немаме победено на гости. Игравме двапати реми и двапати се избришавме од списокот на учесници на СП или ЕП.

Мат Патраил, бекот на Кадетен Шафхаузен, е нивниот главен играч, нешто слично како што е кај нас Кирил Лазаров. Другите играчи се на просечно ниво, но ако ги потцениме (како што беше случај двапати) и не влеземе во мечот 100 насто фокусирани, тие можат да излезат од просечноста, а тоа е предуслов за лош развој на настаните.

Македонскиот тим е подготвен, не им ни беше потребно поголема подготовка со оглед на тоа дека најголемиот дел од репрезентацијата е од Металург, а тие се цело време заедно.

"Тоа е добро за нашиот тим, не е потребно многу воигрување. Мене ми е познат системот, само треба да се вклопам во тоа што се игра и нема да има проблем", вели Лазаров. "Битно е што секој знае дека сноси одговорност, не треба да се чека од еден или друг. Сите знаеме кој што треба да одигра и кој каков придонес да даде. Тоа ни дава предност", изјави Лазаров.

Вчера репрезентацијата одржа прес-конференција по повод претстојните квалификации. Покрај селекторот Шундовски беа капитенот Лазаров и тренерот Бошковски.

"Тоа што се случуваше мора да остане зад нас. Пред нас е предизвикот, тоа се двата натпревари со Естонија и БиХ. Списокот на играчи е подготвен, единствено Ангелов нема да биде од играчите на кои сметавме во овој период", изјави Шундовски, појаснувајќи на новинарски прашања дека составот во текот на квалификациите може да се менува.

"Гоце Георгиевски е репрезентативец на кого сигурно сметам, во овој момент оценив дека подобро решение на десно крило е да бидат Златко Мојсоски и Владимир Темелков. Тоа никако не значи дека сум се откажал од него, тој останува во комбинација за сите натпревари.

Ванчо Димовски доби зелено светло од ЕХФ и ќе биде во тимот. Ристо Арнаудовски веројатно ќе добие шанса на мечот со Естонија, за дуелот со БиХ ќе видиме", вели Шундовски.

Репрезентацијата е "тенка" на позицијата лево крило каде е само Алушевски.

"Таков концепт одбрав за овие два натпревари. Во секој случај има играчи кои ќе можат да го "одморат". Главно тоа се бекови, конкретно Филип Лазаров на пример би можел по потреба да игра на лево крило", објасни селекторот.

Капитенот Лазаров имаше најобемно излагање на прес конференцијата.

"Ова се многу значајни квалификации за нас. Видовме како беше на СП во Хрватска. Имаше над 5000 македонски навивачи кои 'запалија' автомобилите и дојдоа да не бодрат. Им останавме должни, мораме да се пласираме на ново првенство, сакаме да играме на ЕП. Посебно што се игра географски уште поблиску. Имаме квалитет, тоа го знаеме и тоа ни дава надеж дека ќе успееме во овие квалификации. Ова се два меча во кои мораме да влеземе максимално фокусирани. Посебно на мечот со Естонија. Секогаш, почетокот е тежок, по тоа е полесно. Со БиХ сигурно ќе бидеме многу порастоварени затоа и повеќе ме плаши овој првиот меч. Ќе бидам задоволен, победиме ли макар и со еден гол разлика", изјави Лазаров.

Натпреварот ќе се игра во салата "Кале" во Скопје, почетокот е предвиден за 17:15 минути, а директен тв пренос ќе има на "А1".

Македонскиот имаше малку време за вистински подготовки со оглед на тоа дека интернационалците се приклучија дури викендов, а близината на стартот на квалификациите го предомисли селекторот да патува на Трофеј Карпати со најсилен тим и да зачува свежина кај клучните играчи.

Од нашата група в четврток ќе се игра натпреварот меѓу Унгарија и БиХ, домаќин е репрезентацијата на Унгарија. За Македонија е позитивно во оваа група што меѓу овие две селекции владее прилично големо непријателство по инцидентот кој беше минатите квалификации, кога делегатот реши да го прекине натпреварот во Сараево поради однесувањето на навивачите на БиХ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...