Оваа година најквалитетниот „Златен гонг“ од осамостојувањето

Македонија од утре до сабота ќе биде домаќин на 40-тото јубилејно издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“. Оваа спортска манифестација е една од трите најстари боксерски содржини во Европа.

Голема поддршка околу организацијата на турнирот дадоа Владата, Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт чии директор Диме Спасов ќе ја извршува и функцијата претседател на Организациониот одбор на ова манифестација.

- На мое огромно задоволство оваа година ќе го имаме најквалитетниот „Златен гонг“ одржан до сега. На турнирот ќе присуствуваат голем број боксери од 13 држави. Ги повикувам сите љубители на боксот да ги проследат борбите на најдобро организираниот и најквалитетниот „Златен гонг“ во независна Македонија. Сите предуслови за такво нешто се исполнети. Тука се и двете боксерски велесили Куба и Русија, истакна Спасов на денешната прес-конференција.

Организациониот одбор успеа да обезбеди учество на повеќе од 65 боксери од вкупно 13 земји. Со свои претставници на турнирот допатуваа: Куба, Русија, Бугарија, Италија, Албанија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Чешка, Словенија, Црна Гора и домаќинот Македонија.

Од Македонија пријавени се следниве боксери: Исак Сулејмани ( категорија до 49 килограми), Вели Мумин (до 52 кг.), Ибраим Мустафи (до 60 кг.), Серхан Мемедов (до 60 кг.), Горан Антиќ (до 64 кг.), Фатлум Жута (до 75 кг.), Димитар Ташков (до 91 кг.) и Примислав Димовски (над 91 кг.).

Помеѓу 65-те досега пријавени натпреварувачи има и седум носители на медали од Светско или Европско првенство.

Македонскиот олимписки комитет лобираше кај неколку национални комитети за нивните држави да испратат што поквалитетни боксери.

- Пресреќни сме затоа што Македонија во следните четири дена ќе биде центар на светскиот бокс, затоа што целата боксерска елита ќе биде во нашата земја. Заедничка цел ни беше 40-тото Јубилејно издание на „Златниот гонг“ да биде еден спектакл и веруваме дека ќе успееме во тоа, рече Генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.

Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски вети успешна организација и максимални напори Македонија во организациски план да се покаже во вистинско светло. Тој посочи дека во соработка со Агенцијата за млади и спорт со поддршка од Владата следната година македонските боксери ќе имаат идеални услови за работа во склоп на реконструираниот базен „Младост“.

Свеченото отворање „Златен гонг“ ќе биде утре во 18 часот и 30 минути, кога ќе се почнат и борбите од четвртфиналната фаза.

Полуфиналните мечеви се закажани за 12 ноември со почеток во 17 часот, а финалните натпревари (вкупно 10) ќе се одржат на 13 Ноември со почеток во 15 часот.

Влезот ќе биде бесплатен сите три дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...