Русинот Газизов победник на 40-от „Златен гонг“

Скопје, 13 ноември 2010 (МИА) – Рускиот боксер Максим Газизов го освои трофејот „Златен гонг“, откако попладнево во категоријата до 75 килограми со 5:0 го победи кубанскиот претставник Емилио Кореа во најатрактивната борба од десетте финални.

Дваесет и шестгодишниот Газизов освен трофејот доби и парична награда од 1.600 евра (200 за победата во полуфиналето, 400 за победата во финалето и 1.000 за освојување на гонгот).

Македонските боксери имаа половичен успех во финалето. Примислав Димовски беше подобар од Србинот Горан Деспотовиќ и со 3:0 на поени го освои златниот медал во супер тешка категорија (+91 килограм).

- Задоволен сум од победата и од прикажаното на турнирот. Очекував победа во денешниот меч и, како што видовте, не му дозволив на противникот да освои ни еден поен, а така беше и во полуфиналето. Ќе продолжам со работа. Моја желба е настап на Олимписките игри во Лондон 2012 година, изјави Димовски веднаш по финалната борба.

Примислав Димовски, кој по петти пат победи во својата категорија, на овој турнир беше прогласен за најдобар техничар.

Вториот македонски боксер, кој учествуваше во финалето доживеа пораз. Ибраим Мустафи во категоријата до 60 килограми го предаде мечот уште во првата рунда на Русинот Семен Гривачев.

Најуспешна нација на јубилејниот „Златен гонг“ кој за првпат се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје беа Кубанците со пет златни медали, Русија освои две злата, а по едно злато освоија Македонија, Албанија и Црна Гора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...