Ајановски ја претставуваше Македонија на Прашкиот полумаратон

Атлетичарот Кокан Ајановски беше единствениот учесник од Македонија кој во саботата во Прага настапи на „Прашкиот полумаратон“ како најдобро пласиран Македонец на минатогодишната полумаратонска трка во склоп на „Скопскиот маратон“.

Ајановски со време од 1 час 20 минути и 40 секунди на крајот го освои 83 место од 9.000 натпреварувачи.

Ова трка беше дел од златната серија на улични трки на Светската атлетска асоцијација - ИААФ.

На покана на организаторите на трката присуствуваше и директорот на „Скопски Маратон“, Кире Синадиновски кој во Прага оствари средби со челните луѓе од Прашкиот полумаратон, како и со неколку организатори од други маратони од Европа. Ваква соработка во следниот период ќе биде продлабочена со што би им се овозможило на најдобрите Македонци кои учествуваат на „Скопскиот Маратон“ да бидат дел од вакви големи маратони.

„Скопскиот маратон“ во Прага беше промовиран со 9 илјади флаери кои беа дел од стартните пакети на натпреварувачите.

Оваа година маратонот во главниот град на Македонија ќе се одржи на 8 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...