
Во финалето на Балканското првенство во ракомет кое се одржува во СРЦ Кале во Скопје ќе играат репрезентациите на Македонија и Црна Гора.
Македонската селекција вчеравечер беше убедлива против Бугарија и победи со 41:19, додека Црна Гора ја совлада Турција со 35:23.
Драгана Пецевска со 7 погодоци беше најефикасна македонска ракометарка, Елена Георгиевска даде 5 гола, а Мирјета Бајрамовска, Даниела Новеска и Душица Георгиевска реализираа 4 пати.
Почетокот на финалниот натпревар е во 20 часот, а два часа претходно (18 часот) за третото место ќе играат Бугарија и Турција.