Далас изедначи на 2-2 во финалето на НБА лигата

Предводени од германскиот интернационалец Дирк Новицки, кој 10 од своите 21 поен ги постигна во последниот период, кошаркарите на Далас изедначија на 2-2 во добиени натпревари во финалето на НБА лигата против Мајами.

Во „Американ Ерлајнс Центарот“ во Далас пред 20 илјади гледачи рано утрово по македонско време финалистите одиграа уште еден неизвесен натпревар, со 15 изедначувања и 12 промени на водството. За разлика од претходните дуели кај Далас покрај Новицки расположени беа и Тајсон Чандлер со 13 поени и 16 скокови и Џејсон Тери со 17 поени.

„Жешките“ од Мајами на четвртиот натпревар имаа само двајца расположени играчи – Двејн Вејд со 32 поена и Крис Бош со 24, додека Леброн Џејмс остана на само 8 и со тоа ја прекина серијата од 434 натпревари на кои постигнувал двоцифрен број поени.

Натпреварот број 5 се игра в четврток во Далас, а со сигурност се знае дека серијата ќе продолжи и во Мајами.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...