Федерер сонува за седма титула, сестрите Вилијамс се враќаат

Рожер Федерер признава дека се чувствува многу самоуверен пред Вимблдон Шампионатот, признавајќи дека веќе сонува за кревањето на рекордниот седми трофеј на неговиот омилен гренд слем. Федерер пристигна во Лондон во добро расположение откако го пропушти турнирот во Хале да се опорави од малата повреда на ногата која ја доби на патот до финалето на Ролан Гарос, каде што повторно загуби од Рафаел Надал.

Откако победи шест пати на Вимблдон во неговата фантастична кариера, не е изненадувачки што Швајцарецот едвај чека да почне со работата на Ол Ингланд Клубот и да сонува за израмнувањето на рекордот од седум титули на тревата во Лондон на Американецот Пит Сампрас.

"Секогаш постои нешто на што треба да мислам пред гренд слем турнир. Сега знам дека можам да се израмнам со Сампрас, нешто што е многу посебно и важно за мене. Ако ги затворам очите и размислувам за Вимблдон, се работи за моментот кога го кревам трофејот. Таа слика е најважната. Се работи за напорна работа во текот на целата година и потоа потребата да се остане фокусиран до крајот и да се стигне до круната", смета Федерер.

Иако неговата кампања на земјата во Франција заврши со нов пораз од Рафа Надал, Швајцарецот е задоволен што на патот до финалето ја прекина победничката серија на Новак Ѓоковиќ.

"Задоволен сум од мојата игра и од тоа што го покажав во Париз. Имав одличен меч против Новак, и сите претходни мечеви беа добри. Се чувствувам одлично и мислам дека сум блиску до 100%. Уште на првиот тренинг тука се почувствував природно и се надевам дека ќе продолжи така", изјави Федерер.

Иако 29-годишниот Федерер е оптимист, 16-кратниот гренд слем шампион е свесен за предизвикот кој е пред него за да ја врати титулата од Лондон првпат од 2009. Лани тој изненадувачки загуби од Томаш Бердих во 1/4 финалето и се уште нема гренд слем титула. За да ја прекине серијата тоја ќе мора да го победи Ѓоковиќ во полуфиналето и Надал во финалето, иако можен друг противник во финалето му е Енди Мареј.

"Мислам дека сите четири момци на врвот се чувствуваат удобно на трева, додека на почетокот Рафа не беше најдобар. Играта на Мареј е природна за оваа подлога, а Ѓоковиќ досега не бил ништо посебно на трева. Но, тој имаше неверојатна серија и постојат многу работи кои може да ги подобри", додава Федерер.

Кај дамите пак главната тема секако е враќањето на сестрите Вилијамс по долга пауза поради повреди. За Серена ова е првиот гренд слем и втор турнир по освојувањето на втората титула по ред на Ол Ингланд Клубот во јули 2010 по серијата проблеми со здравјето - двете опраци ина стапалото и тромбот во белите дробови. Венус од друга страна е во аут од Австралискиот Опен во јануари.

"Мислам дека двете бевме на сличен пат. Нејзините проблеми не беа толку долги како моите, но знам низ што поминува. Уживаме на теренот и сега мораме да го кренеме нивото", вели Серена.

Пред Вимблдон има многу неодговорени прашања. Дали Рожер може до седмата титула, дали Надал може да стигне до петта гренд слем титула во шест турнири, дали Ѓоковиќ ќе се врати по прекинувањето на серијата, дали Мареј може да го прекине британскиот пост долг 75 години, дали Каролине Возниацки ќе стигне до првата гренд слем круна, дали Марија Шарапова ќе се врати вистински...

Но, најголемото прашање секако е: "Каква ќе биде формата на сестрите?"

"Ќе биде многу интересно да се види нивниот камбек, и тоа го зголемува интересот за женскиот тенис. Приказната е одлична", признава Федерер.

ПОСЛЕДНИ 15 ВИМБЛДОН ФИНАЛИЊА

МАЖИ

1996 Ричард Крајичек (Хол) - Маливај Вашингтон (САД) 6:3/6:4/6:3

1997 Пит Сампрас (САД) - Седрик Пиолин (Фра) 6:2/6:2/6:4

1998 Пит Сампрас (САД) - Горан Иванишевиќ (Хрв) 6:7(2:7)/7:6(11:9)/6:4/3:6/6:2

1999 Пит Сампрас (САД) - Андре Агаси (САД) 6:3/6:4/7:6

2000 Пит Сампрас (САД) - Патрик Рафтер (Авс) 6:7(10:12)/7:6(7:5)/6:4/6:2

2001 Горан Иванишевиќ (Хрв) - Патрик Рафтер (Авс) 6:3/3:6/6:3/2:6/9:7

2002 Лејтон Хјуит (Авс) - Давид Налбандиан (Арг) 6:1/6:3/6:2

2003 Рожер Федерер (Шва) - Марк Филипусис (Авс) 7:6(7:5)/6:2/7:6(7:3)

2004 Рожер Федерер (Шва) - Енди Родик (САД) 4:6/7:5/7:6(7:3)/6:4

2005 Рожер Федерер (Шва) - Енди Родик (САД) 6:2/7:6(7:2)/6:4

2006 Рожер Федерер (Шва) - Рафаел Надал (Шпа) 6:0/7:6(7:5)/6:7(2:7)/6:3

2007 Рожер Федерер (Шва) - Рафаел Надал (Шпа) 7:6(9:7)/4:6/7:6(7:3)/2:6/6:2

2008 Рафаел Надал (Шпа) - Рожер Федерер (Шва) 6:4/6:4/6:7(5:7)/6:7(8:10)/9:7

2009 Рожер Федерер (Шва) - Енди Родик (САД) 5:7/7:6(8:6)/7:6(7:5)/3:6/16:14

2010 Рафаел Надал (Шпа) - Томаш Бердих (Чеш) 6:3/7:5/6:4

ЖЕНИ

1996 Штефи Граф (Гер) - Аранча Санчез Викарио (Шпа) 6:3/7:5

1997 Мартина Хингис (Шва) - Јана Новотна (Чеш) 2:6/6:3/6:3

1998 Јана Новотна (Чеш) - Натали Тозија (Фра) 6:4/7:6(7:2)

1999 Линдзи Девенпорт (САД) - Штефи Граф (Гер) 6:4/7:5

2000 Венус Вилијамс (САД) - Линдзи Девенпорт (САД) 6:3/7:6(7:3)

2001 Венус Вилијамс (САД) - Жастин Анен (Бел) 6:2/3:6/6:0

2002 Серена Вилијамс (САД) - Венус Вилијамс (САД) 7:6(7:4)/6:3

2003 Серена Вилијамс (САД) - Венус Вилијамс (САД) 4:6/6:4/6:2

2004 Марија Шарапова (Рус) - Серена Вилијамс (САД) 6:1/6:4

2005 Венус Вилијамс (САД) - Линдзи Девенпорт (САД) 4:6/7:6(7:4)/9:7

2006 Амели Морезмо (Фра) - Жастин Анен (Бел) 2:6/6:3/6:4

2007 Венус Вилијамс (САД) - Марион Бартоли (Фра) 6:4/6:1

2008 Венус Вилијамс (САД) - Серена Вилијамс (САД) 7:5/6:4

2009 Серена Вилијамс (САД) - Венус Вилијамс (САД) 7:6(7:3)/6:2

2010 Серена Вилијамс (САД) - Вера Звонарева (Рус) 6:3/6:2



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...