Брз старт на Федерер и Ѓоковиќ, Серена прослави со солзи

Рожер Федерер и покрај силниот ветер и одличниот сервис на Михаил Кукушкин повторно го покажа својот стил на Вимблдон, победувајќи со 7:6/6:4/6:2 во првото коло. Шесткратниот шампион лани имаше многу тежок старт против Алехандро Фаља и иако неговиот казахстански противник почна самоуверено, на крајот немаше драма во пет сета.

"Беше тешко на почетокот на сервис, посебно да го прочитам неговиот сервис. Но, затоа не се мачев на мој сервис и искрено ова беше лесна победа. Мојот добар сервис можеби ме опушти премногу, но мислам дека имав добар меч", вели Швајцарецот, кој се обидува да го израмни рекордот на Пит Сампрас од седум титули на Ол Ингланд Клубот.

Новак Ѓоковиќ последен се приклучи на "големата четворка" на машкиот тенис во второто коло, но со вистински стил - со 6:4/6:1/6:1 доминација над Французинот Жереми Шарди. Вториот носител немаше одиграно ниту еден меч на трева пред Вимблдон, но не покажа знаци на пад на формата против 54-рангираниот противник, губејќи само два поени на сервис во првиот сет и 11 во текот на целиот меч, а ја спаси и единствената брејк топка која му се закануваше.

"Беше тешко за двајцата поради ветерот, но успеав да го направам тој клучен прв брејк во првиот сет и потоа беше полесно. Надал и Федерер ја заслужуваат улогата на фаворити, но јас сум еден од тие тенисери зад нив кои се труди и работи напорно за да ја добие својата шанса", изјави Ѓоковиќ.

ПОБЕДА, ПА СОЛЗИ ЗА СЕРЕНА

Емоционалната Серена Вилијамс преживеа тежок тест на својата форма и на својата подготвеност за да ја отвори одбраната на титулата со тешка 6:3/3:6/6:1 победа над Французинката Араване Резаи. 29-годишната седма носителка, која беше во аут 49 недели по сериозни проблеми со здравјето беше блиску до испаѓање пред да се врати нејзината препознатлива моќна игра на сервис и од основната линија. По добивањето на мечот со својот 13. ас, четирикратната шампионка плачеше на теренот.

"Беше толку тешко и навистина не очекував дека ќе бидам тука. Сакав само да победам на еден меч тука, бидејќи не играм во двојки. Зад мене е катастрофална година, но сега играм и моето семејство е тука", вели Американката, која се обидува да стане првата тенисерка по Штефи Граф во 1993 со три титули по ред.

Ова беше само трет меч за Серена по камбекот од сериозните проблеми со тромбот во белите дробови во февруари и по повредата на стапалото.

"Се надевам дека ќе играм подобро. Сега можам да воздивнам и да се порадувам на победата. Тренирам напорно и ќе биде подобро", додаде Серена.

Поранешната светска тенисерка број 1, Јелена Јанковиќ пак немаше толку среќа и загуби во првото коло со 5:7/6:4/6:3 од Шпанката Марија Хозе Мартинез Санчез. 15. носителка го немаше поминато 4. коло на Вимблдон во кариерата, но ова е нејзин прв пораз во прво коло на гренд слем од 2005 година.

Каролине Возниацки немаше вакви проблеми и го почна својот поход кон првата гренд слем титула со 6:2/6:1 победа над Шпанката Аранча Пара Сантонха. 20-годишната Данка е на удар на критичарите поради тоа што е број 1 без гренд слем титула.

"Беше тешко, бидејќи ова е мојот прв меч на трева оваа сезона, а и ветерот не помогна. Се обидов да се адаптирам на играта", вели Возниацки.



ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТ, ЛОНДОН (БРИ), 14.600.000Ф

МАЖИ, 1.КОЛО

(2) Ѓоковиќ - Шарди 6:4/6:1/6:1

(3) Федерер - Кукушкин 7:6(7:2)/6:4/6:2

(5) Содерлинг - Печнер

(7) Ферер - Пер 6:4/6:4/6:4

(8) Родик - Бек 6:4/7:6(8:6)/6:3

(11) Мелцер - Фаља

(12) Цонга - Соеда

(13) Троицки - М.Гонзалез 3:6/6:0/7:6(7:3)/6:3

(15) Симон - Рожер-Васелин 4:6/6:4/6:3/7:6(7:3)

(16) Алмагро - Ниеминен

(18) Јужни - Монако 4:6/6:2/6:2/4:6/6:4

(19) Лодра - Ворд 6:3/7:6(7:4)/6:3

(20) Ф.Маер - Еванс 7:6(7:5)/7:6(7:1)/3:6/6:4

(21) Вердаско - Штепанек 2:6/4:6/6:3/7:6(8:6)/9:7

Ф.Гонзалез - (22) Долгополов 6:3/6:7(6:8)/7:6(7:3)/6:4

Карловиќ - (23) Типсаревиќ 7:5/3:1 пред.

(24) Дел Потро - Чипола 6:1/6:4/6:3

(25) Чела - Матошевич 6:4/6:4/6:7(6:8)/6:2

(26) Гарсија-Лопез - Голубев 6:3/6:3 пред.

Љубичиќ - (27) Чилиќ 7:6(7:2)/3:6/6:3/6:4

(28) Налбандиан - Рајстер 7:5/6:2/6:3

Томич - (29) Давиденко 7:5/6:3/7:5

(32) Багдатис - Блејк 6:4/6:2/6:7(5:7)/4:6/6:4

Изнер - Махут

Андерсон - Марченко

Камке - Кавчич 6:3/7:6(7:4)/5:7/6:1

Малисе - Зверев 6:2/6:3/6:2

Мељо - Данчевич 3:6/3:6/6:4/7:6(8:6)/6:2

Сера - Хајдер-Маурер

О.Рошу - Де Шепер 6:7(6:8)/3:6/6:3/6:1/6:4

Деварман - Гремелмаер

Ханеску - Поспишил 6:4/6:3/6:2

Де Фест - Рамирез Хидалго 6:2/6:3/6:2

Додиг - Херисон

Бек - Берлок 4:6/7:6(8:6)/4:6/6:2/6:4

Димитров - Штебе

Сепи - Монтањес 6:4/6:4/7:5

Нишикори - Хјуит

Стаховски - Кокс 6:2/6:4/6:4

Кубот - Клеман 6:4/6:2/3:6/5:7/6:4

Андреев - Габашвили

Гулбис - Турсунов

Манарино - Најланд 4:6/6:4/7:6(9:7)/4:6/6:4

Хасе - Риба 6:4/6:4/6:4

Лу - Робредо 6:4/6:4/6:1



ЖЕНИ, 1.КОЛО

(1) Возниацки - Пара Сантонха 6:2/6:1

(3) Ли - Кудрјавцева

(4) Азаренка - Рибарикова 6:4/3:2 пред.

(5) Шарапова - Чакветадзе

(7) С.Вилијамс - Резаи 6:3/3:6/6:1

(8) Квитова - Глеч 6:2/6:2

(9) Бартоли - Кр.Плискова 6:0/6:2

Чинк - (10) Стосур 6:3/6:4

(11) Петкович - Форец Гасон 6:3/6:4

(14) Пављученкова - Цуренко 6:4/7:6(7:3)

Мартинез Санчез - (15) Јанковиќ 5:7/6:4/6:3

(18) Ивановиќ - Удин

(20) Пенг - Флипкенс 6:0/6:4

(25) Хантухова - Дјаченко 4:6/7:6(7:5)/6:3

(26) Кириленко - Брианти

(29) Винчи - Душевина 7:5/6:2

(31) Шафарова - Храдецка

(32) Пиронкова - Џорџи 6:2/6:1

Захлавова Стрицова - Возниак 7:6(9:7)/6:4

К.Бондаренко - Корне 7:5/6:2

Домингез Лино - Опранди

Марино - Маер-Ахлајтнер 6:3/7:6(7:5)

Еракович - Чанг 6:4/6:2

Бенешова - Сан.Захлавова 3:6/6:3/8:6

Лисицки - Севастова

Рацано - Мирза 7:6(7:4)/2:6/6:3

Вандевеге - Данилиду

Дубоа - Фалкони 6:2/6:2

Халеп - Јовановски 6:1/6:2

Јакимова - Арвидсон 4:6/6:2/6:1

Кеотавонг - Броуди 6:2/6:4

Балтача - Бартел

Закопалова - Вебли-Смит

Мартиќ - Кинг 5:7/6:2/6:2

Танасугарн - Шведова

Петрова - Долоњц 6:3/6:4

Пашек - Морита 5:7/6:3/6:0

Кербер - Робсон

Свитинг подготвен за нов дуел со Надал

Рајан Свитинг се надева дека третиот пат навистина ќе биде среќен. Пред оваа сезона 23-годишниот Американец немаше играно меч против светскиот број 1 Рафаел Надал. Сега 69-рангираниот тенисер е подготвен за трет дуел со Надал во шест месеци во второто коло на Вимблдон.

"Постојано ме поставуваат во горниот дел на ждрепката. Не знам во што е работата. Што друго можам да кажам? Тој е еден од најтешките противници кој можете да го добиете", изјави Свитинг, кој во понеделникот имаше камбек за 3:6/4:6/6:1/7:6/6:1 победа над Шпанецот Пабло Андухар.

Свитинг знае колку е силен Шпанецот. Кога играа на Австралискиот Опен во јануари загуби со 6:2/6:1/6:1, а во Индијан Велс во март, Надал триумфираше со 6:3/6:1.

"Во основа - ќе морам да играм многу добро. Ќе морам да излезам таму самоуверен и да ги користам моите шанси. Ако не го направам тоа ќе имам проблеми, бидејќи Надал не пушта ништо", вели Свитинг, кој пред 2011 немаше настап на гренд слем турнирите, а сега има 2-2 скор.

Родик станува дел од "искуството на Вимблдон"


Енди Родик стана вистински дел од "искуството Вимблдон" последните 10 години и фановите знаат точно што да очекуваат кога купуваат билети за да го гледаат американскиот осми носител. Во вторникот, 28-годишниот Родик го стартуваше 11. обид за титулата со мали шанси да ги повтори финалињата од 2004, 2005 и 2009, со 6:4/7:6/6:3 победа над упорниот Германец, Андреас Бек. Британските фанови секогаш имале слабост за аутсајдери, за тие кои се обидуваат, и за тие кои поразот го сфаќаат позитивно.

"Многу работи се сменија последните 10 или 11 години, но тешко е јас да зборувам објективно за односите со публиката на Вимблдон. Јас уживам тоа е сигурно, но не зборувам за нив. Секогаш биле одлични кон мене", вели Родик.

Трипати на патот на славата на Родик застана Рожер Федерер, но се уште најсвеж е поразот во 2009 кога загуби во петтиот сет со 16:14 во класичен дуел.

ГЕМ, СЕТ, МЕЧ

Рафаел Надал се обиде да му прати СМС порака на Рори Мекилрој откако тој стигна до УС Опен титулата, и вели дека не добил повратна порака. Сега светскиот број 1 ќе може да му честита на својот пријател во живо, бидејќи Мекилрој ќе треба да го посети Вимблдон. Двајцата спортисти се сретнаа минатата година во Њујорк и двократниот Вимблдон шампион Надал вели дека веднаш станал фан на Британецот.



Откако пропушти неверојатно водство за пораз во првото коло на Ролан Гарос, 19-годишната Американка Кристина Мекхејл не дозволи да се повтори истото на Вимблдон. Таа стигна до второто коло со 2:6/6:1/8:6 победа над Екатерина Макарова. Минатиот месец Мекхејл водеше со 5:0 во третиот сет против Италијанката Сара Ерани пред да загуби со 6:7(4)/6:2/9:7. "Сега е навистина подобро од тоа во Париз. Сега останав фокусирана на секој поен и тоа ми беше добра лекција. Два дена по тој меч бев во депресија, но потоа се вратив на работа", вели Мекхејл.



Една порака велеше: "Верувај во себеси и не се предавај", а друга едноставно "направи историја". Зборовите на поддршка од фановите на Фејсбук беа испечатени на торбата за рекети на Енди Мареј кога тој во понеделникот откако го загуби првиот сет победи со 4:6/6:3/6:0/6:0 над Шпанецот Даниел Химено-Травер. "Многу тенисери имаат некакви пораки во своите торби, а некои имаат напишано работи на рекетите и на рацете. Ако биде потребно и тоа ќе го направам", вели Мареј, кој се обидува да стане првиот домашен шампион на Вимблдон од 1936 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...