Венус едвај, Надал и Мареј според планот

На петкратната шампионка Венус Вилијамс и беа потребни три сета и речиси три часа да ја совлада најстарата тенисерка на ВТА турнејата и да влезе во третото коло на Вимблдон. Кога дождот ги одложи другите мечеви на Ол Ингланд Клубот, Вилијамс едвај со 6:7(6)/6:3/8:6 во интересна битка ја совлада 40-годишната Јапонка Кимико Дате-Крум.

Вилијамс се потпре на својот силен сервис во клучните моменти за да ја сопре Дате-Крум, која беше втората најстара тенисерка во второто коло на Вимблдон по Мартина Навратилова.

"Таа не игра како да има 40 години! Тоа е сигурно. Играше толку добро од почеток што знаев дека ќе морам добро да се испотам. Оди на секое топче и тоа силно", вели 31-годишната Венус.

Вилијамс губеше со 5:1 во првиот сет пред полека да се врати во мечот и заврши со 12 аса и 45 победнички топки, една повеќе од Дате-Крум.

"Мислам дека покажав дека можам да се борам и со Венус. Таа е петкратна шампионка и неверојатна тенисерка", вели Дате-Крум, која дебитираше на Вимблдон во 1989, стигна до полуфиналето во 1996 и се повлече таа година, пред да направи неочекуван камбек во 2008.

Покрај овој интересен дуел, најмногу внимание кај дамите на третиот ден на турнирот предизвика самонаречената "Лејди Гага на тенисот", Бетани Матек-Сендс. 26-годишната Американка, позната по необичниот вкус за мода, излезе на теренот со јакна со 12 исечени делови, по што убаво се покажа пред фотографите, пред со 6:4/5:7/7:5 да загуби од Јапонката Мисаки Дои.

Кај мажите, Рафа Надал повторно ги воодушеви своите фанови откако со 6:3/6:2/6:4 го "прегази" Американецот Рајан Свитинг за 15. победа по ред на Вимблдон. На Централниот терен под покрив, Шпанецот експресно го реши Свитинг третпат оваа година.

"Централниот терен на Вимблдон, со или без покрив е најдобриот терен на светот. Како повеќе ми се допаѓа? Отворено, се разбира", вели Надал, кој сега игра со Жил Милер од Луксембург.

Домашната надеж Енди Мареј исто така влезе во третото коло со рутинска 6:3/6:3/7:5 победа над Германецот Тобијас Камке. Четвриот носител продолжи со одличната форма која му донесе титула од Квинс Клаб овој месец, сервирајќи одлично и не дозволувајќи му на противникот многу шанси за напад.

РЕЗУЛТАТИ

МАЖИ, 2.КОЛО

(1) Надал - Свитинг 6:3/6:2/6:4

(4) Мареј - Камке 6:3/6:3/7:5

(6) Бердих - Бенето 6:1/6:4/6:2

(8) Родик - Ханеску

(9) Монфис - Земља

(10) Фиш - Истомин 7:6(8:6)/6:4/6:4

Болели - (14) Вавринка 7:6(7:5)/6:3/7:6(7:4)

(15) Симон - Села

(17) Гаске - Куницин 6:1/6:4/6:4

(21) Вердаско - Хасе

(24) Дел Потро - О.Рошу

Богомолов - (25) Чела 6:0/6:3/6:4

Милер - (31) Раонич 2:3 пред.

Стаховски - Љубичиќ

Кубот - Карловиќ 7:6(7:2)/6:3/6:3

Шутлер - Ф.Лопез

МАЖИ, 1.КОЛО

Андерсон - Марченко 6:7(5:7)/7:6(9:7)/6:4/4:6/6:1

Димитров - Штебе 7:5/7:5/7:6(7:5)

Гулбис - Турсунов

ЖЕНИ, 2.КОЛО

(2) Звонарева - Веснина 6:1/7:6(7:5)

(4) Азаренка - Бенешова 6:0/6:3

(8) Квитова - Кеотавонг

(11) Петкович - Дубоа

(23) В.Вилијамс - Дате-Крум 6:7(6:8)/6:3/8:6

(25) Хантухова - Еракович

(29) Винчи - Марино 7:6(7:3)/6:2

(32) Пиронкова - Мартиќ 6:1/6:4

Јохансон - Вотсон 2:6/6:4/6:4

Первак - Парментие 6:2/1:6/6:3

Мартинез Санчез - Никулеску 6:3/6:0

ЖЕНИ, 1.КОЛО

(13) А.Радванска - Говорцова 6:0/3:0 пред.

(16) Гергес - Медина Гаригес 6:3/6:0

(21) Пенета - Бегу 7:6(7:3)/4:6/6:2

(24) Цибулкова - Лучиќ 3:6/6:3/8:6

(27) Гајдошова - А.Бондаренко 7:5/6:3

Дои - (30) Матек-Сендс 6:4/5:7/7:5

Лисицки - Севастова 6:1/6:1

Хлавацкова - Родионова 6:1/6:2

Женг - Ондрашкова 7:5/6:0

Четковска - Бароис 6:2/5:7/6:2

Родина - Шиперс 6:3/7:5

Кербер - Робсон

Херцог - Ларсон 6:7(3:7)/6:3/6:4

ЖЕНИ - ДВОЈКИ, 1.КОЛО

(1) Кинг/Шведова - Халеп/Лепченко 6:1 пред.

(2) Печке/Среботник - Долоњц/Мароши

(3) Хубер/Рејмонд - Докиќ/Јовановски

Чирстеа/Морита - (15) Чуанг/Хсиех 6:4/6:4

Ворачова/Воскобоева - Броуди/Вебли-Смит 6:3/6:4

У.Радванска/Родионова - Крајичек/Шафарова 6:4/6:3

Корицева/Путчек - Корне/Резаи



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...